Подгответе ги првачињата за првиот училишен ден

Првиот училишен ден колку и да ни се чини интересен и необичен, сепак е големо и по малку застрашувачко искуство во детскиот живот. За соодветно да го подготвите вашето детенце за првото влегување во училницата, за првите работни навики и стекнувањето на првите пријатели, задолжително...

podgotvete-gi-prvacinjata-za-prviot-ucilisen-den-01

1. Запрашајте го како се чувствува во врска со почетокот на школувањето.

2. Раскажувајте му како ќе се одвива наставата. Дајте му до знаење каков ќе му биде распоредот, кога наставата започнува а кога завршува.

3. Посетете го училиштето пред почетокот на наставата. Ако сте во можност посетете ја и неговата училница, тоалетите, салата... Сè што ќе му го поедностави училишниот живот, барем во прво време.

4. Истакнете ги позитивните страни на школувањето. Нагласете дека стекнувањето на нови пријатели е секогаш забавно.

5. Дајте му на детето до знаење дека сите дечиња се нервозни на самиот почеток.

6. Оставете му порака за охрабрување со ужината за да знае дека мислите на него! Барем во првите неколку дена...

7. Уверете се дека сте до него секогаш кога ќе има проблем. Нека почувствува дека сте негов штит, негова потпора...

8. Спојте го со барем едно детенце кое ќе го знае во неговото одделение. Пронајдете некоја пријателка или барем познаничка која има врсник со вашето дете и потрудете се да ги запознаете барем неколку дена пред почетокот на училиштето.

9. Ако училиштето е близу, задолжително пуштете го да оди со уште неколку дечиња до таму. Секако, надзорот од барем 1 возрасен е задолжителен, но сепак чувството дека припаѓа на одредена група е непроценливо.

10. Распрашајте се за активностите надвор од училиштето кои може да ги посетува. Потоа разговарајте со него и создадете го финалниот распоред.

podgotvete-gi-prvacinjata-za-prviot-ucilisen-den-1

Првите неколку недели задолжително одржувајте секојдневна комуникација со вашето дете за да ги забележите потешкотиите, доколку ги има. Не е невообичаено ако не сака да се врати во училиште по само една недела.

Внимателно слушајте што има да каже и постојано распрашувајте го. Обидувајте се да добивате прецизни одговори. За да му го олесните почетокот доволно е да го насочувате. Избегнувајте кавги, препирања или било какви забелешки околу неговото однесување или лични навики. Нека знае дека има некој кој го штити и надгледува.

Би можело да ве интересира:

„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
8 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да кажете „НЕ“, без да се чувствувате непријатно Излажете, искористете шега, но бидете и директни ако сте соочени со неучтива лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg