Животна приказна: Скока банџи иако е во инвалидска количка

Недостатоците не треба да бидат пречка за да ги остварите своите желби или да доживеете неверојатни авантури. Важна е желбата и храброста за да посакате и да остварите.

sportski-adrenalin-i-vo-invalidska-kolicka-01

Ова момче и покрај своите инвалидитети, сепак остварува предизвици кои малкумина од потполно здравите би ги направиле.

Рилеј Мартин не дозволува неговата инвалидска количка да го спречи да скока банџи или да игра други спортови.

Тој има 21 година и огромна храброст, да направи нешто што за првпат го преплашило. Скокнал банџи со инвалидска количка од мост во Вистлер, Британска Колумбија.

sportski-adrenalin-i-vo-invalidska-kolicka-1

Тој бил парализиран во сообраќајна незгода и оттогаш е во инвалидска количка. Но, тоа не го поколебало за да се откаже од работите што ги сака или да си ги оствари своите предизвици, без разлика на пречките.

На интернет му биле поставувани многу прашања откако ги објавил фотографиите како скока со инвалидската количка. Едно од најчесто поставуваните прашања било зошто скокнал заедно со инвалидската количка кога полесно ќе му било без неа, со оглед на тоа што нозете не му се потребни при скокањето?

На тоа, Рилеј одговорил дека му е подобро да му се врзани нозете и да ги гледа онака како што ги знае, прицврстени за количката, отколку да му бидат разлетани на сите страни, да не ги чувствува и да не може да ги контролира.

sportski-adrenalin-i-vo-invalidska-kolicka-2

Покрај скокањето банџи, Рилеј со својата инвалидска количка игра и тенис и кошарка.

Има учествувано и на маратон долг 21 км, кој го поминал за 3 часа и 14 минути. Исто така, вози и автомобил Мустанг `66, а повремено учествува и на трки со автомобили.

sportski-adrenalin-i-vo-invalidska-kolicka-4

Незапирлив дух на млад човек кој знае да се носи со своите недостатоци и да ги користи најдобро што може.

Тој е одличен пример дека не треба да се плашите и да се повлекувате пред предизвиците и желбите без разлика на пречките, бидејќи само храбриот дух и силната волја можат да ви помогнат да остварите сè што посакувате. Никогаш не се откажувајте.

sportski-adrenalin-i-vo-invalidska-kolicka-3

Погледнете го видеото од неговото банџи скокање:

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...

Најчитани неделава