Како да го организирате работното биро?

Работите секогаш се потешки во хаос, па затоа во само неколку чекори олеснете си ги секојдневните обврски. Избегнете го неколкучасовното пребарување на документите, пенкалата и стикерите.

kako-da-go-organizirate-rabotnoto-biro-01

Започнете со чиста површина. На бирото нека ви остане само мониторот, сè останато тргнете на страна.

Полека започнете да ги местите тастатурата и глувчето, позиционирани онака како што ги користите. Откако ќе видите со колку простор располагате, многу полесно е да се организирате.

Поставете си приоритети. Неопходна ви е само една чашка со пенкала и простор за еден тефтер или папка во која ќе ви стојат документите. Сите останати ситници сместете ги во првата фиока која ја имате во близина.

Олеснете си ја пристапноста на работите со неколку прегради или проекти кои можете сами да ги направите. Предност имаат пластичните држачи и таблите од плута. Тие ќе ви заштедат повеќе простор отколку што мислевте.

Избегнувајте ги непотребните рамки за слики и сувенири кои немаат практична страна. Украсите и деталите не ви се потребни. Запамтете, во уредувањето помалку е секогаш повеќе.

Ако ви е неопходна идеја како да го уредите вашето биро, ова се неколку наши предлози.

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
„Дигитални номади“ за тешката страна на нивниот живот: „Убаво е само ако имаш многу пари“ „Повеќето од нас се осамени бидејќи односот со луѓето што ги запознаваме е генер...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава