7 едноставни задоволства во кои забораваме да уживаме

Застанете барем на една минута и вдишете длабоко. Погледнете ја малку пошироката слика на вашето секојдневие. Избришете ги проблемите и мислите кои ве мачат и започнете да уживате во едноставните задоволства.

7-ednostavni-zadovolstva-vo-koi-zaboravame-da-uzivame-01

Признајте дека одамна не сте уживале во...

Утринската шолја кафе

Без разлика дали се будите со кафе или чај, горко или слатко, таа прва шолја кафе мора да ја претворите во уживање, наместо ритуал.

7-ednostavni-zadovolstva-vo-koi-zaboravame-da-uzivame-02

Вашата околина

Улицата по која одите до работа, до омилениот ресторан или кафуле понекогаш може да е поинтересна отколку што ви се чини. Следен пат извадете ги слушалките од уши и уживајте во сите нејзини бои, звуци и мириси.

Насмевката

Никогаш не ја потценувајте нејзината моќ. Започнете да уживате во скокоткањето на стомакот и пријатната болка на стомачните мускули, додека го испуштате последниот здив низ насмевката.

7-ednostavni-zadovolstva-vo-koi-zaboravame-da-uzivame-03

Омиленото тивко место

Понекогаш осамената клупа е попријатна отколку гужвата од вашите пријатели. Не се срамете тоа да го признаете и уживајте во самотијата кога и да ви е потребна.

Вашата омилена музика

Дали се сеќавате кога последен пат сте ја слушале вашата омилена песна гласно, како кога бевте деца? Вратете ѝ се на оваа прекрасна навика што побрзо.

Вашиот омилен десерт

За момент престанете да ги броите калориите. Во ред е, ви пречат тие 5 килограми плус, но омилениот десерт ќе ве направи многу посреќни, отколку ако ослабете. Наместо да се чувствувате виновни што сте ја прекршиле диетата - уживајте!

7-ednostavni-zadovolstva-vo-koi-zaboravame-da-uzivame-04

Заоѓањето на сонцето

Има нешто што ви дава мир и спокој додека гледате како сонцето заоѓа. Пронајдете го вашиот омилен поглед и одморете од секојдневната монотонија.

Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
8 ситуации кои на луѓето што живеат во град им изгледаат неверојатно кога одат во село Ако сте на диета, не ни помислувајте да одите на село, особено не кај вашата баб...
12 предлози за забавно летно хоби (во кои со сигурност ќе уживате)  Изразете ја вашата креативност преку изработка на накит. Креирајте нешто...

Најчитани неделава