8 златни правила за родители: Научете го вашето дете да не биде себично!

Некаде околу третата година децата започнуваат да разбираат што значи да си сопственик на некаков предмет. Тогаш е важно да не му го загрозите тоа право, но сепак да го научите за убавината на делењето на истиот.

8-zlatni-pravila-za-roditeli-naucete-go-vaseto-dete-da-ne-bide-sebicno-01

Како да го постигнете тој баланс?

1. Не се обидувајте со сила да го направите дарежливо преку ноќ. Секој притисок ќе го сврти против вас или ќе го направи несигурен.

2. Почитувајте го правото на детето за располагање со сопствените средства. Тоа мора да научи да донесува одлуки што да прави со нив.

3. Никогаш не го нарекувајте скржавец. Ако го етикитирате, нема да научи што треба да направи, туку само ќе се чувствува лошо и несакано.

4. Детето ги сака своите родители и се обидува да ги повторува. Ако со сопствен пример му покажете дека треба да ги дели работите, таа навика полесно ќе ја усвои.

5. Објаснете му ја предноста на делењето на играчките: „Дозволи им на другарите да поиграат со некоја твоја играчка, за да имаш право и ти да позајмиш некоја нивна.“

6. Пофалете ги добрите постапки. Научете да се радувате на неговите добри дела, како што знаете да го прекорите кога нешто ќе згреши.

7. Раскажувајте му приказни во кои доброто го победува злото и каде позитивните ликови постојано ги споделуваат своите нешта.

8. Последен совет - имајте доверба во вашето дете, престанете да се сомневате. Само така ќе воспитате добар човек кој ќе вложува во иднината и ќе научи како да поклонува добрина.

Би можело да ве интересира:

Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава