Најдобрите 10 реклами за 2013 година

Рекламите понекогаш претставуваат некој производ или бренд, но некогаш знаат да пренесат и навистина добра порака која ќе допре до многумина.

najdobrite-10-reklami-za-2013-godina-01

Ви ги претставуваме 10-те најдобри најмоќни реклами во 2013 година кои може да ве замислат или воодушеват.

1. Kmart „Ship my pants

Реклама за сервис кој врши достава на сè што ви е потребно, до она место каде што сакате и тоа бесплатно.



2. Chipotle „The Scarecrow

Краток анимиран филм за лошата прехранбена индустрија и генетски модифицирана вештачка храна.



3. Robinson „Pals

Кратка топла приказна за значењето на односот меѓу таткото и синот. Главната порака е дека добро е да се биде татко, а уште подобро да се биде пријател со своето дете.



4. Volvo Truck „The epic split feat. Van Damme

Оваа реклама се смета за најадреналинска годинава со над 60 милиони прегледи во рок од еден месец.



5. Nike „Possibilities

Nike се познати по својот главен слоган „Just do it“ а во оваа реклама ги инспирираат сите кои имаат каков било талент, особено спортски, да го искористат без да се плашат од предизвиците, бидејќи секогаш постојат можности.



6. Dick`s Sporting Goods „Every Pitch

Интересна реклама за бејзбол каде се прикажува како навистина е на теренот, а не како треба перфектно да изгледа. Се гледа секое движење и сите агли кои доколку гледате директен пренос нема да бидат прикажани.



7. Geico „Hump Day

Луѓето кои се осигурени преку Geico се посреќни од камилата Калеб на т.н. Hump day, односно ден среда кога се смета дека бидејќи е на средина од тешката и напорна недела, сепак ќе се преживее до петок.



8. Guinness „Basketball

Одлична реклама за ирското пиво Guinness каде се пренесува пораката на вистинското пријателство. Тоа се гледа преку рамноправноста и во играњето кошарка во инвалидски колички, поради еден пријател инвалид и во пиењето пиво.



9. Ram „Farmer

Реклама прикажана на американскиот Super Bowl која за разлика од останатите кои се луксузни и провокативни со познати ѕвезди, има за цел да понуди двеминутна медитација. Враќање на корените со тоа што се покажуваат професионални фотографии со висок квалитет на кои се наоѓаат фармери, земјоделци и слики од тешкиот секојдневен живот.



10. Dove „Real Beauty Sketches

Само 4 проценти од жените во светот сметаат дека се навистина убави. Оваа реклама има за цел да направи жените да се чувствуваат убаво во своја кожа. Ова е најпопуларната  и најмоќна реклама во 2013 година.

Би можело да ве интересира:

Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Стара е за да се шета вака облечена, предрасуди за жените над 50-тата! Сигурно сте слушнале изјави како „Не ѝ личи на годините вака да се однесува“ или...
„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...

Најчитани неделава