Каде ги чувствувате различните емоции?

Гордоста најмногу ја чувствуваме во градите, грлото и главата, срамот на образите, а среќата во целото тело. Ова го покажува новото истражување за физичките реакции на човечките чувства.

kade-gi-cuvstvuvate-razlicnite-emocii-01

На испитаниците им биле покажани различни зборови, приказни, слики, филмови, а после секоја реакција од виденото требало да обележат во кој дел од телото ја почувствувале конкретната емоција.

Оние делови каде чувството било најсилно се обоило црвено, жолта боја се појавила на оние делови каде емоциите се зголемуваат, а сина боја онаму каде емоциите се смируваат.

Откако сите испитаници за различните емоции ги обележале местата каде им се создаваат или развиваат чувствата, научниците направиле атлас на човечкото тело со влијание на емоциите.

Депресијата се манифестира со млитаво тело, речиси како недостаток на чувства во целото тело. Стравот, иако се чувствува во целиот горен дел на телото, изгледа дека најсилно е околу срцето што може да се објасни со неговото силно чукање.

Во студијата учествувале и фински и тајландски испитаници, но без оглед на културолошките разлики, не е забележена никаква разлика во влијанието на емоциите кај луѓе од различни земји, религии, култури. Па, така, и луѓето од Финска и луѓето од Тајланд, тагата, среќата или лутината ги чувствуваат на истите делови од телото баш како и вие.

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Инспиративна приказна: Дедо отишол да умре на остров во Грција, па живеел уште 45 години Гркот Стаматис додека живеел во САД добил дијагноза за рак на белите дробови и п...

Најчитани неделава