Што велат ѕвездите за летово?

shto-velat-dzvezdite-letovo-povekjeОсвен горештините, долгите денови, летувањето и годишните одмори, летниот распоред на планетите носи енергија, немир и ја зголемува телесната страст.

Најголем број од вас нема да се противат на флертот и летните авантури, но сепак прочитајте повеќе за вашиот хороскопски знак.

Овен
Ова е период од годината кога е сигурно дека нема да седите дома. Како и останатите огнени знаци, уживате на сонце, но тоа не значи дека само пасивно ќе ги впивате неговите зраци. Од вас се очекува и рано будење и трчање и пешачење во утринскиот период, не заборавајте да понесете вода со себе. Очекувајте многу летен флерт и не се ограничувајте во облекувањето водејќи се од паролата “малку е премногу“ и имајте на памет дека времето за сериозно врзување доаѓа дури во септември.

Бик
Иако од ова лето можеби очекувате повеќе мир и одмор, сепак тоа не е својствено за овој период од годината. Ако не ви е до забавување и излегување, подобро запишете се на некој курс или летно училиште, отколку да дремете на плажа. Кон крајот на летото можно е да се зближите со личност во знакот на Вага. Во тој период имате добра можност за почеток на бизнис или интересен разговор за работа.

Близнаци
Колку и да сте уморни, за вас ова лето нема одмор. Највеќе што можете да направите е да го прилагодите темпото за бурниот период кој доаѓа. Немојте да се изплашите затоа што нема ништо лошо во големиот број телефонски повици од разни пријатели од секаде. Можеби ќе ви се пружи можност за егзотично патување, кое сепак не е баш добредојдено за вашиот буџет како што ќе ви се чини, но сепак внимавајте што ќе одлучите. Очекувајте дека постојано ќе имате зборлесто и весело друштво расположено за излегување и шопинг.

Рак
Зборот романтика го опишува вашето лето бидејќи Венера, планетата на убавината и љубовта, ги насочува своите Аморови стрели кон Раковите. Летната љубов обично трае кратко, но тоа нема да биде случај и со вас. Последните денови на работа пред да тргнете на одмор едвај ќе ги издржите. Кога ќе се вратите на работа побарајте од своите претпоставени признание за вашите напори, усмено или парично.

Лав
Летото е дефинитвно ваш период од годината! За прв пат по 2 години можете да се радувате на летувањето без стресното влијание на Сатурн. Што да правите? Лудо да се забавувате! Вие сте дете на Сонцето и како такви барате плажа и горештини, уживате во испотени и намачкани тела па секогаш сакате да привлечете внимание кон себе. На почетокот на Август ќе размислувате за почеток на некои посериозни работи. Во тој период ќе забележите дека некој од колегите или пријателите премногу ви мудрува, но сепак почитувајте што има да каже без разлика колку ве иритира тоа.

Девица
Немојте да го поминете летото грижејќи се за работата и заработувањето. Ионака ве очекува напорна есен со огромен број задачи па затоа летниот одмор ви е од непроценлива важност. Можеби ви звучи невозможно едноставно да се опуштите и уживате заради важните одлуки кои мора да ги донесете сега или никогаш, но секогаш може да побегнете некаде на викенд. Ако не можете да поминете онолку време со друштвото колку што сте сакале можете да организирате пост-летно дружење и да ги соберете на едно место сите ваши блиски и драги луѓе.

Вага
Работата и другите обврски ќе ви го отежнат опуштањето и одморот. Потребна ви е квалитетна стратегија добро да го распоредите времето за задачите кои ви претстојат. Иако можеби сакавте цел месец да го поминете на море, изгледа дека оваа година сепак сте осудени само на продолжени викенди. Крајот на летото е значаен за вас бидејќи Венера влегува во вашиот знак, а тоа ќе донесе многу поволни настани на вашето работно место. Очекувајте многу повици и понуди. Иако можеби квантитетот ќе ве збуни, настојувајте да прифатите што повеќе предизвици, а селекцијата оставете ја за подоцна.

Скорпија
Летото е годишното време кое ви одзема најмногу енергија. Иако ја сакате горештината, не поднесувате директна изложеност на сонце, па затоа за време на летувањето преферирате ладовина, барем делумно помрачена просторија и ноќите. Задолжителна летна опрема за Скоприите е силниот заштитен фактор, темни наочари за сонце и добро средство против комарци и други инсекти. Уште само да понесете и неколку книги или стрипови во вашата торба и ќе бидете обезбедени за вашата омилена активност на плажа – читањето. По враќањето од одмор, на работното место би можело да ве изненади промена во вашата позиција, настаната поради реконструирање на работните места или поради заминување на некој ваш колега.

Стрелец
Ова лето ќе ви донесе голем број разновидни искуства, затоа земајте сЕ што ви се нуди! Доколку имате нерасчистени караници и лоши односи во домот, одложете било какво патување додека не ги расчистите, бидејќи само така ќе пронајдете мир на годишниот одмор. Во летниот период ќе бидете чувствителни на измами, нема да успеете да се снајдете во евентуални судски спорови и не сте подготвени за посериозни влогови. Можеби баш поради тоа ова лето нема да ви биде едно од омилените, но затоа ќе имате убави случувања, особено на љубовен план кои ќе го измијат горкиот вкус на другите случувања.

Јарец
Очигледно е, како и обично, дека вашиот ритам е забавен со почетокот на летото. Сега воглавно сте поспани, а сЕ што сакате да правите е да одмарате. Тоа не е ни добро ни лошо, туку само вашиот вообичаен начин на чување на енергија во период од годината кога чувствувате нејзин недостаток, па само го прилаготуате темпото кон ситуацијата. Поминување на летото на море, за јарците не е неопходно. Едни ќе истражуваат горски предели или ќе се „брчкаат“ во ладни реки, додека други ќе уживаат во карпите, брановите и морската сол. Иако не верувате во врска на далечина, интересна особа ви можела да ве натера да го промените овој принцип.

Водолија
Во раните летни денови ќе чувствувате како да возите велосипед во прва брзина – многу движење и енергија, а мало напредување. Олеснување би моќело да следи после првата недела на јули, кога ќе се преполови бројот на јавувања и и-мејлови кои ги добивате. Какво олесување! Тој период е најдобро да се фокусирате на средување на станот и да се посветите на семејството, да го обновите зближувањето со сите оние кои сте ги занемариле. Во прогнозата е вклучено и подобрувањето на односот со партнерот на почетокот на август, а во средината на септември ќе затворите едно поглавје од вашиот живот, кое трае од почетокот на минатата година.

Риби
Ова лето Рибите ќе го памтат по промените во својот ќивот. На прв поглед, можеби работите нема да изгледаат тава важни. Се би можело да започне со неформален разговор, а да резултира со важни случувања, па дури и селење во друг град. Доколку се случи да ја прекинете врската или да го промените работното место, знајте дека до тоа не би дошло без права причина. Најверојатно старото работо место или партнерот ви ја спречувале слободата на изразување на вашите способности. Кога ќе дојде време за годишен одмор, нема да имате желба за големи патувања, што и не е  така необично ако се земат во предвид сите успони и падови низ кои поминавте во последниот период.

Би можело да ве интересира:

Избегнувајте штипки за коса - Што треба да имате предвид кога се облекувате за долг лет со авион? Зошто во авион не треба да носите штипки за коса, отворени чевли или комплициран...
„Те молам избриши го бившиот од фотката“: Твитерџијата што ги „трола“ инстаграмџиите е хит на соција... „Многу ми се допаѓа фоткава, но те молам да направиш нешто со хигиеничарката. Не...
Работи што во минатото беа неприфатливи, а денес се секојдневие, низ илустрации Дискриминација на жените врз која било основа. Учење на децата дека старите секо...
Зошто „Reels“ на Инстаграм ни создаваат зависност (и кои се последиците)? Кратките видеа предизвикуваат ослободување допамин кој ни го подобрува расположе...
Вo Македонија „промајата“ е опасна по здравјето – Необични верувања и бон-тон правила во европските ... Во Италија е „зло“ да ставите пармезан на пица, додека во Албанија е нормално да...
Строги правила што треба да ги следат гостите на Мет гала Телефоните се строго забранети, а гостите не смеат да ја одбијат поканата – во с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg