Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со пијалак до подобро расположение

Во различни ситуации пијалакот знае да помогне за опуштање, смирување или подобро расположение. Не помислувајте веднаш само на алкохолот. Постојат различни секојдневни пијалаци кои може да ви помогнат.

so-pijalak-do-podobro-raspolozenie-01

Верувале или не, одреден пијалак може да ве опушти пред деловен состанок или првото рендеву со момчето/ девојката.

Еве неколку секојдневни ситуации кои може да ги надминете пиејќи соодветен пијалак, а избегнувајќи несоодветен кој ќе ви го влоши расположението.

Ненадејна поспаност

По малку ја губите концентрацијата и правите чудни гримаси за да го покриете зевањето. Занесно гледате во безначаен предмет.

Повремено велите „Да“ или „Секако“ само за да го наведете соговорникот да мисли дека го слушате. Напијте се свеж сок од портокал кој ќе му даде енергија на вашиот мозок. Избегнувајте алкохол во ваква состојба. Шеќерите на една чаша вино ќе ве потонат во полухипнотизирана состојба.

 so-pijalak-do-podobro-raspolozenie-1


Паѓање на шеќерот

Ненадејната вртоглавица и безволност се главните симптоми кои укажуваат дека ви паднал шеќерот.

Ваквата состојба може да биде придизвикана од прескокнат оброк или недостаток на одмор. Напијте се Coca - Cola која содржи доволно шеќер кој добро ќе му дојде на вашиот организам. Избегнувајте мраз во Coca - Cola-та бидејќи од наглото студенило може да се онесвестите.

so-pijalak-do-podobro-raspolozenie-2


Тага и меланхолија

Се чувствувате лошо и мислите дека секој момент ќе се расплачете.

Мислите дека никој не ве сака. Серијата што не ја гледавте никогаш, ве растажи за првпат. Напијте се топло чоколадо кое подобро делува на организмот и од антидепресивните лекови. Го поттикнува производството на серотонинот кој е одговорен за вашата среќа.

Не ја барајте утехата во жестоките пијалаци, наместо да ви ја оттргнат тагата ќе ве фрлат во солзи и очај. Резултатот ќе биде само утринска главоболка и самосожалување.

so-pijalak-do-podobro-raspolozenie-3


Страв и тегоби

Животот ви е како воденица без контрола и имате чувство дека ќе ве сомеле? Чувствувате страв и тегоби кои не ве оставаат да ги завршувате секојдневните обврски. Кога ќе почуствувате среќа веднаш се заменува со грижа на совест или кривица.

Напијте се чаша млеко која ќе ве опушти. Избегнете ја вообичаената шолја кафе која само ќе ви ја влоши ситуацијата.

so-pijalak-do-podobro-raspolozenie-6


Празнина во желудникот

Иако веќе сте појадувале чувствувате празнина во стомакот која ви предизвикува нервоза.

Напијте се сок од домати кој ќе ви го пополни жекудникот и ќе ви помогне да издржите без јадење до ручекот. Избегнувајте пијалаци кои ќе ви го отворат апетитот дополнително и ќе ве натераат да го изедете првото чоколадо што ќе го видите.

so-pijalak-do-podobro-raspolozenie-4


Вечерно излегување

Конечно сте успеале да договорите рендеву со него/ неа. Не знаете како да се однесувате на првиот состанок и делувате исплашено. Постојано ги грицкате ноктите и се гледате во огледало.

Напијте се една чаша ликер или коњак. Малку алкохол ќе ве опушти и вие ќе се чувствувате подготвени да го зграпчите својот плен или да го испратите таму каде што припаѓа, доколку ве разочара.

Избегнувајте пиво или црно вино кои ќе го подујат вашиот стомак и ќе ви предизвикаат непријатен здив.

so-pijalak-do-podobro-raspolozenie-5


Деловен состанок

Ви се потат рацете, а срцето ви чука забрзано. Не можете да мислите на ништо друго освен на состанокот пред вас.

Напијте се минерална вода, која ќе ве смири и ќе ви помогне околу сушењето на устата. Избегнувајте алкохол или кафе, особено во комбинација заедно.

Оставете ги за подоцна кога ќе го славите успешно поминатиот состанок и покачувањето на платата.

so-pijalak-do-podobro-raspolozenie-7

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за прв состанок, со кои ќе оставите добар впечаток Знаете ли како културно да покажете дека сте независна девојка, без да го навред...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
9 совети за безбедност за кога мислите дека некој ве следи Влезете во продавница каде што има луѓе, а пред влезната врата од домот ставете ...
Растење со родители што се мразат и уште 12 тешки животни искуства (може да си поиграат со вашиот ум... Барање работа долго време и премореност од сите тие одбивања. Кое е вашето најте...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg