Пишувањето дневник е добро за вашиот живот

Во детството сите сме воделе дневници, во кои сме ги пишувале нашите доживувања во текот на денот. Доколку сè уште ги чувате дневниците, тие страници сигурно ви измамуваат насмевка на лицето. Но, водењето дневник има многу предности за вас, без разлика на возраста.

pishuvanjeto-dnevnik-e-dobro-za-vasiot-zivot-01

Доколку во себе го чувате стресот, тоа лошо влијае на вашето здравје. Па, затоа, сите ваши грижи и стресни моменти исфрлете ги со зборови на хартија. Кога вашата ситуација ќе се подобри, ќе можете да видите како сте се чувствувале во тој одреден период и што точно ви предизвикало такво чувство.

Вашите испишани чувства, ќе ви помогнат од друг аспект да се согледате себе, но и да ги поправите сопствените грешки. На тој начин, во иднина, сличната ситуација ќе ја поднесете подобро, бидејќи напишаните зборови ви помагаат за подобро дефинирање на состојбата.

Тоа е слично и со среќните моменти, кои буквално опишани ќе ги гледате како една прекрасна фотографија, зграпчена во вистинскиот момент.

Водењето дневник, за кратко ќе ве прерасне во еден дневен ритуал и несомнено ќе биде дел од вашиот живот. На тој начин, ќе издвоите момент само за себе. Доколку имате деца, секогаш охрабрувајте ги да пишуваат дневник.

За неколку години, кога повторно ќе го отворите дневникот, ќе сфатите дека всушност голем дел од вашиот живот е засекогаш зачуван на тие страници.

pishuvanjeto-dnevnik-e-dobro-za-vasiot-zivot-1

Би можело да ве интересира:

10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...

Најчитани неделава