Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


После земјотрес – езеро

kina_ezero_small.jpgКина планира големото езеро кое се создаде по катастрофалниот земјотрес во Сечуан да го претвори во туристичка атракција. Научниците сега прават проценка како на најдобар начин езерото Тагнијшан да го претворат во сликовито место за одмор и релаксација...

Владата исто така повторно ќе го изгради округот Беикхан, кој се наоѓа низводно од новоформираното езеро, на нова локација, бидејќи старото седиште на округот е уништено. Сеуште не е одлучено каде точно ќе го градат.

Обновата на езерото и неговото претворање во живописно место за туристи ќе биде „важен дел во еновирањето на округот Беикхан “

Беикхан и подрачјето кое го окружува, исполнето со големи бамбусови шуми, резервати за панди и различни етнички kina_ezero.jpgмалцинства, традиционално и досега беше популарно туристичко одредиште.

Езерото кое се наоѓа во северниот дел на провинцијата Сечуан се формираше по разорниот земјотрес кој се случи на 12 мај годинава. Земјотресот едноставно откина една страна од планината, која потоа се лизна во долината каде го попречи течењето на реката. Така се создаде езеро.

На почетокот од овој месец повеќе од 250000 луѓе се евакуирани поради стравот дека езерото би можело да се преполни и да ги поплави подрачјата кои му се наоѓаат на патот.

Од 34 езера кои се создадоа по земјотресот, Тангишјан е најголемо и е едно од 27те кои веќе не се сметаат за опасни. Извештајот на кинеската влада не даде никакви детали за плановите за изградба на езерото.

Земјотресот со јачина од 7,9 степени усмрти повеќе од 69 000 луѓе, иако кинезите тврдат дека проценката за бројот на загинати е околу 80 000, бидејќи повеќе од 18 000 луѓе се сметаат за исчезнати.

Би можело да ве интересира:

7 работи со кои модерните жени се „опседнати“, но нашите баби ги игнорирале Совршен маникир и педикир, безброј активности за децата, „вечен“ младешки изглед...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...
Телото му се распаѓало од радијација, поминал 83 дена во агонија: Вознемирувачки детали за најболнат... Во 1999 година, Јапонецот Хисаши Оучи ја искусил можеби најболната смрт. Откако ...
Кои се 7-те жени кои смеат да носат бело на средба со папата + каков дрес код треба да почитуваат др... Иако дрес кодот за средба со папата денес е поопуштен од минатото, влијателните ...
5 „себични“ работи што ќе ве направат посреќна личност Да поставите граници, да кажете „не“ – некои работи можеби делуваат себично, но ...
Совети за безгрижно и безбедно пливање за време на менструалниот циклус Не носете влошки додека пливате. Со пливањето се намалува способната на тампонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg