Бидете атрактивни без оглед на тоа како изгледате

Ако мислите дека за да бидете привлечни и забележани неопходна ви е добра облека и шминка или провокативен изглед, дознајте и некои поинакви начини.

bidete-atraktivni-bez-ogled-na-toa-kako-izgledate-001

Понекогаш тајната се крие многу подлабоко од она што се гледа на површината.

Опкружете се со повеќе пријатели

Според резултатите на некои истражувања луѓето се поатрактивни кога се дел од тим или група, отколку кога се сами. Ако не сте љубител на големи друштва, тогаш присуството барем на најдобрите пријатели.

Покажете ја својата сила во полн сјај

Доколку имате некој талент, покажете го во полн сјај. Се смета дека без разлика на изгледот ако се истакнувате со нешто во што сте најдобри, тоа ќе ве направи посебно привлечни.

Исполнувајте ги обврските

Без разлика дали се работи за друштвени или професионални обврски, исполнувајте ги до крај. Забележано е дека меѓу сите во едно друштво, без разлика на изгледот, најпривлечни се оние кои се постојано тука за другите и се постојано вклучени во сè.

Бидете ноќна птица

Важно е да останувате до крај и да бидете оние кои се најзабавни во друштвото. Без разлика на тоа кој како изгледа, на крајот од вечерта, најважни и најпривлечни се оние кои остануваат. Доколку знаете да го задржите вниманието на околината подолго време, навистина не е важно каква маичка носите.

bidete-atraktivni-bez-ogled-na-toa-kako-izgledate-1

Смисла за хумор

Смислата за хумор е интелигенцијата и креативноста, како карактеристика која е важна за да опстанете во нечие друштво. Така, не само што сте интересни за околината, туку сте и поатрактивни за оние кои ви се допаѓаат.

Смејте се на туѓите шеги

За ова навистина е потребно да имате добра смисла за хумор и имате полна добивка. Секој е воодушевен и прифатен во секое друштво доколку навистина ги сфаќа шалите на другите. Не само што би биле привлечни на тој начин, туку сигурно можете и да освоите некого.

Би можело да ве интересира:

Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава