Постои ли втора шанса за прв впечаток?

vtora-sansa-za-prv-vpecatok-1.jpg

Се имате ли запрашано дали постои втора шанса за прв впечаток?

Најчесто не постои, па затоа треба да се потрудиме да оставиме добар впечаток кај личностите кои за прв пат влегуваат во нашиот живот.

Добро познато е дека првиот впечаток е најважен без разлика дали личностите кои ги запознаваме се некои важни, или не би играле никаква улога во нашето понатамошно секојдневие.

Но, зошто да не бидеме горди на себеси кога ќе ги сретнеме неочекувано лицата со кои сме се запознале знаејќи дека тие имаат високо мислење за нас.

Да не зборуваме за оние кои ги гледаме како важен фактор во нашиот живот, како на пример идниот шеф, дечко или девојка, колега или идните пријатели кои сакаме да ги придобиеме.

Ова се неколку правила кои треба да се следат доколку сакате да оставите добар прв впечаток:


Секогаш бидете насмеани

Насмевката сама по себе пренесува позитивна енергија, па затоа користете ја при запознавање со нови личности. Кога сте насмеани, голема е веројатноста спротивната страна да ве доживее како пријатна личност.

Иако некогаш не ви е дојдено до смеење, стегнете ги забите и насмевнете се, но внимавајте да не бидете премногу очигледни со вештачката насмевка.


Прв физички контакт - ракување

Кога запознавате нова личност, првиот физички контакт нека ви биде ракување наместо поздравување во образ.

Не само што делува покултурно, ракувањето доколку го направите правилно ќе и покаже на другата страна дека вие сте стабилна личност која знае како правилно да се однесува. Стисокот на раката нека не ви биде ниту премногу лабав, ниту премногу цврст, бидете опуштени.


Оставете простор личноста да се претстави

Доколку запознавањето премине во разговор, оставете и простор на личноста да ви се претстави прва.

Така ќе знаете како да продолжите со разговорот и што треба понатаму да кажете, а што да изоставите во вашето претставување.


Претставете се и вие, но без претерување

Откако личноста ќе ви се претстави, сами ќе го препознаете моментот кога и вие ќе треба да го сторите истото. Но, внимавајте, без претерување.

Бидете поконзервативни и искрени, бидејќи луѓето секогаш ја сметаат мистериозноста за привлечна, а искреноста за квалитет.


Покажете почит и бидете љубезни

Користете ги вашите манири и не упаѓајте во зборовите на вашиот нов соговорник. Тоа се вика култура, а кој не би посакал да повторно да разговара со културна личност?

Никој, затоа бидете трпеливи, смирени и шармантни. И најважно од сè бидете свои.


Поздравете се повторно со ракување

Кога ќе почувствувате дека на новото запознавање му се ближи крајот, искористете невин изговор со кој ќе покажете дека ви годи разговорот, но мора да го завршите.

Сигурно не сакате во првиот разговор со некого да си кажете сè. Доколку сте оставиле добар прв впечаток, истиот ќе се повтори во иднина.

vtora-sansa-za-prv-vpecatok-2.jpg

Покажете дека ви е мило што сте склопиле ново познанство и повторно поздравете се со ракување.

Доколку ги следите овие правила, несомнено е дека оставањето на добар прв впечаток ќе стане ваша специјалност.

Но, истото запазувајте го и кај спротивната страна. Доколку спротивната страна се потрудила да остави добар впечаток кај вас, тогаш познанството вреди да се преобрази во нова врска или пријателство.

Како се однесувате вие при запознавање со нова личност?

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава