Со голотија до сигурна работа

Главната цел на оваа акција е да се покаже дека работниците се спремни на се', само за да го зачуваат своето работно место. Работниците...

 

... на фабриката "Šafoto e Mori" во Бретања, северозападна Франција, одлучија да позираат голи за календар за да ги спасат своите 207 работни места од укинување.

Со парите кои ќе ги заработат од "секси" календарот, работниците од оваа фабрика за производство на котлови и so-golotija-do-sigurna-rabota1бојлери која постои повеќе од 100 години, имаат намера да отпатуваат за Италија и да протестираат пред централното седиште - пред компанијата Аристон.

Главната цел на оваа француска акција, инспирирана од календарот на француските играчи на рагби, е да покаже и докаже дека работниците се спремни на се' за да ги зачуваат своите работни места.

Вработените кои штрајкуваат веќе неколку недели и ја држат фабриката под блокада, бараат за секој отпуштен работник, од кои има многумина кои имаат повеќе од 30 години стаж, да им исплати отпремнина од 100.000 евра.

Календарот со фотографиите од голите работници кои се фотографирале само со своите алати, ќе се најде во продажба кон крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира:

Хит видео топи срца: Собирачи на отпад му дадоа втора шанса на мечето Вини Пу, откако некој го фрлил... Изгледа вработените во комунална хигиена немаа срце да го уништат засекогаш кади...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Живеам на инстаграмџиска улица – полуголи инфлуенсерки позираат во двор и ми ги берат цвеќињата, пе... Живеам на улица со убави куќи, расцветани магнолии и цреши. „Извинете, во кадар ...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Што има во торбичките со подароци за номинираните за Оскари 2026? Покрај ваучерот за липосукција, како и скап третман за лице кој чини 25.000 дола...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg