Творецот на копчето „Like“ објасни зошто не постои „Dislike“

Илјадници корисници на Facebook со месеци потпишуваа петиција за воведување на „Dislike“ опција, додека милиони чувствуваа голема потреба за него, но Facebook никако да ја воведе.

tvorecot-na-kopceto-like-objasni-zosto-ne-postoi-dislike-01.jpg

Според творецот на копчето „Like,“ непостоењето на спротивната функција го објаснува како „несреќна последица“ до која има големи шанси да дојде кога на корисниците ќе им се даде моќ да искажат колку од работите не им се допаѓаат.

Брет Тејлор, поранешниот директор на технолошкиот оддел во Facebook неколку пати до сега објасни:

„Причината заради која направивме Like беше затоа што многу од коментарите гласеа wow или cool, па така копчето Like им овозможи да си го искажат мислењето со еден клик.“

Меѓутоа, како што објаснува, спротивната опција никогаш не би функционирала, туку само би создала негативни вибрации.

„Имам чувство дека кога би постоело копчето Dislike ќе се постигне целосно негативен социјален аспект. Ако сакате да искажете дека нешто не ви се допаѓа, треба да напишете коментар, затоа што постои можност да кажете соодветно образложение,“ заклучува Тејлор.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
„Колега беше опседнат со мене – ме следеше, ми се закануваше, а полицијата изреагира дури откако ми ... 31-годишна Британка доживеал вистински кошмар кога нејзин нов колега станал опсе...
Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...

Најчитани неделава