Рапав или нежен? Вашиот глас го издава вашиот карактер

Како што косата, гестикулациите, движењата и хороскопот откриваат нешто за нас, истото може да го направи и гласот.

rapav-ili-nezen-vasiot-glas-go-izdava-vasiot-karakter-01.jpg

Дали вашиот глас е рапав или нежен? Пронајдете го типот на гласот кој мислите дека го поседувате и откријте нешто ново за вас и вашиот карактер.

Рапав глас - Личност која се заштитува од околината и не искажува премногу за себе. Нејзиниот гард е последица на претходно разочарување во животот. На љубовен план никогаш не го прави првиот чекор и секогаш вината ја префрлува на партнерот иако можеби тој направил грешка.

Длабок глас - Асоцира на паметна личност, но всушност личностите со длабок глас сакаат да остават впечаток на сигурна и самоуверена личност бидејќи не ги поседуваат тие квалитети. Во љубовта сакаат да доминираат плашејќи се од доминација над нив, која е лесна да се добие доколку ги дознаете нивните слабости.

Тивок глас - Бесчујниот или пак тивкиот глас е одлика на итрите личности кои секогаш знаат што сакаат и со својата примерност веднаш го добиваат истото. Тоа е нивното оружје. На љубовен план знаат да критикуваат и постојано да бараат мани кај партнерот кои никогаш нема да му ги кажат, туку ќе ги откачат веднаш после првата грешка.

Пискав глас - Личности кои се постојано во центарот на внимание, дури и кога тоа не им е целта. Нивниот глас ги одликува со жив дух и друштвеност, додека во љубовта се многу тивки. Поради тоа често доживуваат емотивно разочарување и патат во тишина.

Нежен глас - Лчностите со нежен глас може да ве завртат за 360 степени, а вие да не го забележите тоа. Тие во суштина не се и така нежни како што наликуваат. Оставаат впечаток на мирни, слатки личности кои подоцна си го покажуваат нивното вистинско лице. Во љубовта често изневеруваат, но знаат да сакаат кога личноста навистина им значи.

Каков е вашиот глас?

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...

Најчитани неделава