Олеснете си го учењето: Интересни трикови за студентите

Сите студенти мака мачат секоја колоквиумска недела кога треба да го научат обемниот материјал по сите предмети.

olesnete-si-go-ucenjeto-interesni-trikovi-za-studentite-01

Некои се решаваат за редовно и навремено учење, но повторно паниката си го прави своето 5 до 12 кога почнува сè да се меша.

Оние кои се сметаат за храбри и поспособни, мислат дека можат сите предмети наеднаш да ги научат во една недела, додека не дојдат до денот пред испит и сфатат дека немаат време, па почнуваат да се служат со сите трикови за препишување.

За да не мора да бидете ни во едната ни во другата група, постојат неколку трикови со кои може да си го олесните учењето.

Мирис – Додека учите некој предмет прснете непознат мирис. Кога ќе треба да тргнете на полагање прснете уште еднаш од истиот мирис. Тоа ќе ве потсети на материјалот.

Гума за џвакање – Исто како мирисот и чудниот вкус на гумата за џвакање може да ве потсети на она што сте го учеле кога сте ја џвакале.

Белешки – Пред испитот напишете си белешки во еден тефтер, како да ви е дозволено да го извадите на испит.

olesnete-si-go-ucenjeto-interesni-trikovi-za-studentite-3.jpg

Музика – Додека учите или слушате долги предавања во позадина слушајте инструментална музика. Тоа ќе ви ја задржи концентрацијата.

Награда – На крајот на секое поглавје оставете си по една гумена бонбона за да се наградите кога ќе го научите.

Меморија – На почеток на тестот прво напишете си ги формулите или клучните зборови.

Фонт – Ако учите од компјутер, не ги користете вообичаените фонтови како Ariel, Times New Roman, кои лисно се читаат, туку одберете некој со ракописни или понеобични букви. Зборовите што потешко се читаат полесно се памтат.

olesnete-si-go-ucenjeto-interesni-trikovi-za-studentite-2.jpg

Дисциплина – Додека учите исклучете го интернетот целосно, ако не ви е неопходен за учењето. Не дозволувајте ништо да ви го одзема вниманието, за побрзо да научите.

Документарец – Ако можете, добро е да изгледате документарец за нешто во врска со темата која ја учите.

Пробен тест – На Интернет најдете некои претходни тестови или можни прашања за испитот кој го учите и обидете се да ги одговорите.

Маркери во боја – Белешките пишувајте ги со различно пенкало, а во учебникот подвлекувајте со маркери во боја според важност која вие ќе си ја одредите.

olesnete-si-go-ucenjeto-interesni-trikovi-za-studentite-4.jpg

Какви трикови вие користите при учењето?

Би можело да ве интересира:

Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава