Празни ветувања кои сите ги кажуваме, а не ги исполнуваме

Довербата се гради врз исполнатите ветувања кои им ги даваме на луѓето околу нас, а исто така и на самите себеси.

prazni-vetuvanja-koi-site-gi-kazuvame-no-ne-gi-ispolnuvame-01.jpg

Иако го знаеме ова правило, постојано го прекршуваме давајќи ветување кога сме среќни, пијани или тажни. Тие ветувања знаеме дека нема да биде исполнети и се чувствуваме глупаво уште во првиот момент кога ќе се увериме во тоа.

Ова се неколку од секојдневните, празни ветувања кои сите ги упоребуваме, но не ги исполнуваме.

Ќе се видиме утре

Во моментот кога не знаеме како да се оттргнеме од личноста која не сакаме да ни биде во близина во моментот секогаш и ветуваме дека ќе најдеме време за неа утре или задутре, а тоа секогаш значи никогаш.

Ќе ти се јавам

Без разлика дали ќе заборавите ненамерно или намерно сите барем еднаш го имате искористено ова ветување кога не ви се зборува моментално на телефон, нели? Тогаш велите – „Ќе ти се јавам утре“, а утре се оддолжува се до наредната недела.

Кога ќе ти затребам, тука сум

Во момент на среќа, почитување кон некоја личност и љубов секогаш сакаме да им дадеме поддршка и сигурност со ветувањето, „Кога ќе ти затребам, тука сум!“ Но, внимавајте, наредниот пат ова ветување давајте им го на личностите за кои сте сигурни дека ќе бидат тука до вас секогаш, во спротивно не ветувајте бидејќи и сами знаете колку пати го имате прекршено истото.

Нема да доцнам повеќе

Секогаш доцните минимум 15 минути бидејќи едноставно не сте свесни колку иритира тоа, но уште понесвесни сте колку иритира прекршувањето на тоа ветување – „Нема да доцнам повеќе“.

Ќе те сакам до крајот на животот

Сигурно барем еднаш во животот, во пијана или свесна состојба, во еуфорија или тага сте ветиле дека ќе сакате некој до крајот на животот. Сега сфаќате дека крајот на животот може понекогаш да дојде и пребрзо, нели?

Кои празни ветувања ги користите вие постојано?

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...

Најчитани неделава