Збор со кој може да добиете сè што ќе посакате

Постојано учиме дека треба да ги употребуваме зборовите како „Благодарам“, „Повелете“, „Извинете“, но покрај нив има уште еден до два збора кои се клучни ако сакате нешто да добиете.

zbor-so-koj-moze-da-dobiete-se-01

Кога нешто ви е потребно од некој друг треба да ја кажете и причината зошто тоа ви е потребно. Во тој случај, клучни зборови за да го добиете она што го сакате се: „бидејќи“, „затоа што“, „поради тоа што“!

Писателот Тим Дејвид објавил книга во која со помош на психолошки истражувања го објаснува влијанието на зборовите.

Тој наведува и едно истражување кое го спровела Елен Лангер, психолог од Харвард. Таа стоела во ред, чекајќи да дојде до фотокопирот. Сакала да помине преку ред, но да не биде груба кон другите, па љубезно прашувала: „Извинете, имам само 5 страници за копирање, може ли да поминам пред вас?“

Се потргнале само неколку луѓе. Повторно продолжила да го поставува истото прашање и повторно само еден дел од луѓето ѝ го отстапиле местото.

Тогаш, решила да биде попрецизна: „Извинете, имам само 5 страници, може ли да поминам пред вас, затоа што се брзам?“

Кога ја навела причината поради која ги замолува луѓето за да помине пред нив, речиси сите ѝ го отстапиле местото.

Изненадувањето настанало кога го поставила прашањето на трет начин: „Извинете, имам само 5 страници, може ли да поминам пред вас, затоа што треба побрзо да ги ископирам?“

Повторно речиси ист број луѓе како претходно ѝ го отстапиле местото иако практично не ја навела вистинската причина поради која ги замолува да помине пред нив.

Според тоа, Тим Дејвид објаснува дека главно луѓето престануваат да слушаат после зборовите „затоа што“ и не обрнуваат толкаво внимание на конкретната причина, важно е дека ја има.

Затоа, ако сакате нешто да добиете употребете ги магичните зборови „затоа што“ и наведете ја причината.

Би можело да ве интересира:

12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава