5 трикови за сигурно одење по мраз

Откако прекрасниот снег ќе се претвори во дебела, замрзната прекривка почнуваат вистинските зимски маки - лизгања, паѓања, болки во грбот и нозете...

5-trikovi-za-sigurno-odenje-po-mraz-01.jpg

За да ја совладате вештината за безбедно одење по мраз не ви треба многу, само овие 5 чекори:

1. Ослободете ги рацете

Додека одите никако не смее да ги држите рацете во џебови, а ниту пак да се товарите со кеси. На тој начин доколку паднете нема да можете да се задржите.

2. Одете со подраширени нозе

За да бидете постабилни се препорачува да одите малку пошироко. Раширете ги нозете и нека не ви е грижа како изгледате, не сте на модна писта.

3. Пробајте го трикот со пресечени чорапи

Одберете чорапи кои се во иста боја со вашите чизми и пресечете ги кај прстите. Навлечете ги преку чизмите и на тој начин ќе го фиксирате секој чекор за земјата. Овој трик најмногу може да им послужи на малите дечиња кои обожаваат да трчаат.

4. Одете навалени нанапред

За да се заштитите од можното паѓање, телото навалете го нанапред. На овој начин ќе бидете многу постабилни, отколку ако сте целосно исправени.

5. Избегнувајте да носите спортски обувки или чизми на полна пета

Спортските патики оставете ги за кога ќе стопли, а чизмите на полна пета за кога ќе биде малку посуво. Масивните гумени ѓонови и удобни модели на чизми се секогаш подобар избор за да воспоставите баланс на градскиот асфалт.

Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ен... Ендру Госден бил натпросечно интелигентно дете кое немало ниту еден изостанок на...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...

Најчитани неделава