Иако не те познавам, сакам да ти кажам нешто! Совет од еден таксист до цела младина

Кога подобро ќе размислите, таксито отсекогаш било како ваше топло прибежиште во кое сте влегувале после среќните и ужасните моменти од вашиот живот, посебно во доцните часови.

iako-ne-te-poznavam-sakam-da-ti-kazam-nesto-sovet-od-eden-taksis-do-cela-mladina-1

Таксистот зад воланот пак, го гледате како стар чичко кој ве носи до вашата дестинација и без збор ја слуша вашата среќа, или нервоза како врискаат покрај музиката на радио која ја крши монотонијата во атмосферата.

Ова е отворено писмо од еден таксист до цела младина, прочитајте го бидејќи сака да ви пренесе совет, а вие сигурно ќе се пронајдете во неговите искрени зборови.

„Здраво деца,

Ве нарекувам деца иако сте адолесценти, тинејџери, или пак нешто повозрасни бидејќи јас самиот сум татко, а децата за таткото се секогаш деца без разлика на возраста.

Кога ќе го слушнам вашето силно затворање на вратата, веднаш добивам анализа за вашата моментална состојба и не можам, а да не помислам дека истото можеби им се случува и на моите деца после излегување во ноќен клуб.

Во тој момент го попуштам тонот на радиото, малку погласно од вообичаеното за да ви ги размрдам мислите, а исто и моите.

Некои од вас успевам да ги развеселам, некои не.

Понекогаш ви кажувам вицеви или прогнози за времето, не затоа што не знам што да ви кажам, туку затоа што не сакам да ви дотурам сол на рана и да ве прашам зошто се тие солзи на задното седиште кои ги гледам со работ окото во ретровизорот.

iako-ne-te-poznavam-sakam-da-ti-kazam-nesto-sovet-od-eden-taksis-do-cela-mladina-2

Затоа понекогаш сакам да си разговараме, бидејќи би го ценел чинот ако некој од моите колеги би го направил истото за моето дете кога забележува дека се чувствува лошо.

Во моментите на среќа кои мирисаат на алкохол, знам како се чувствувате, сум бил и јас млад некогаш, знам да ја препознаам искрата на љубовно распламтување, или разочарување во вашите очи.

Во тие моменти повторно посакувам да позборуваме, бидејќи вие сте мои клиенти, а добриот однос и разменувањето на неколку позитивни зборови со вас ми ја кратат ноќната смена во моментите кога ве превозувам од ноќниот клуб до дома во 3 часот по полноќ.

Имам еден совет до вас: Престанете да влегувате разочарани или со солзи во такси, не затоа што може да го исфрустрирате старецот зад воланот, туку затоа што може да го пробудите старецот во вашето младо тело и здрав дух кој само што започнал да живее.

Никој не ги заслужува вашите солзи или нерви.

Кога нешто ве нервира, запрашајте се само дали истото ќе ви биде важно после 5 години, ако одговорот е не, влезете во такси и заминете дома легнувајќи на перница и заспијте мирно.

Влегувајте среќни и насмеани во моето такси, не пијте премногу и не каете се за она што некогаш ве правело среќни.

Влегувајте со топол поздрав наместо силно затворање на вратата, задржете ја културата и во најтешките моменти бидејќи сепак и јас сум човек кој не заслужува некој да му се обраќа со заповеднички зборови исполнети со лутина како да е виновник за вашата несреќа.

Јас не сум виновен за ништо, верувајте, само сакам да ви помогнам, а понекогаш тоа го правам и со тишина кога знам дека зборовите се излишни.

Бидете поздравени од стариот таксист кој е сведок на сите ваши приказни во доцните часови раскажани без зборови на задното седиште”.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...

Најчитани неделава