8 работи кои не знаевте дека ги измислиле Kинезите

Вообичаено важи мислењето дека сè што е кинеско е неквалитетно. Но, веројатно не сте ни свесни дека многу од работите кои ги обожавате се токму од оваа земја.

8-raboti-koi-prvi-gi-vovele-kinezite-sladoled-alkohol-fudbal-01

1. Сладолед

Нема точна потврда од кога точно потекнува сладоледот, но се знае дека во 200 п.н.е. Кинезите користеле мешавина од смрзнато млеко и ориз. Се верува дека Марко Поло го дознал рецептот и го пренел во Европа.

8-raboti-koi-prvi-gi-vovele-kinezite-sladoled-alkohol-fudbal-1.jpg


2. Играње со карти

Најрано играњето со карти започнало во Кина за време на владеењето на династијата Танг. Тоа биле игри за кралското семејство. Подоцна, за време на владеењето на династијата Минг често ликовите од книгите биле печатени на картите.

8-raboti-koi-prvi-gi-vovele-kinezite-sladoled-alkohol-fudbal-2.jpg


3. Тоалетна хартија

Тоалетната хартија во Кина била воведена и пред 200 п.н.е., но првпат била искористена 700 години подоцна бидејќи најпрво била наменета само за највисоките класи. Случајно еден арапски патник напишал дека Кинезите не се мијат со вода откако одат во тоалет, туку само се бришат со хартија.

8-raboti-koi-prvi-gi-vovele-kinezite-sladoled-alkohol-fudbal-3.jpg


4. Кечап

Кечапот во Кина е воведен во 17-тиот век. Направен бил во Индонезија и Малезија, а откриен бил од англиски истражувачи. Сосот од домати првпат се појавил во 1805 година.

8-raboti-koi-prvi-gi-vovele-kinezite-sladoled-alkohol-fudbal-4.jpg


5. Чадор

Египќаните на почетокот користеле листови од палма како чадори за заштита од дождот. Но, првиот водоотпорен чадор е забележан во Кина во 11-от век п.н.е. Поквалитетните чадори биле премачкувани и со восок за воопшто да не пропуштаат вода.

8-raboti-koi-prvi-gi-vovele-kinezite-sladoled-alkohol-fudbal-5.jpg


6. Алкохол

Првпат било забележано производство на алкохол во 7000 п.н.е. добиен од ферментација на ориз, мед и овошје. Познато било виното кое на кинески често се среќава и e опеано во нивните песни.

8-raboti-koi-prvi-gi-vovele-kinezite-sladoled-alkohol-fudbal-9.jpg


7. Лак за нокти

Иако лакот за нокти изгледа како модерна иновација, всушност во Кина се има појавено уште пред 5000 години. За време на владеењето на династијата Минг се користела мешавина од белки од јајца, восок, прашок во боја, смола и желатин.

8-raboti-koi-prvi-gi-vovele-kinezite-sladoled-alkohol-fudbal-7.jpg


8. Фудбал

Кинезите првпат почнале да се натпреваруваат во спорт со топка користејќи ги само нозете за време на владеењето на династијата  Хан. Овој спорт бил наречен цују. Вклучувал шутирање на топката. Често била играна во дворовите на поголемите палати. Професионалните цују играчи тренирале на кралските терени.  

Интересно е тоа што пинг-понгот не е кинеска иновација како што се смета, туку првпат е измислен во Англија уште во раните 90-ти.

8-raboti-koi-prvi-gi-vovele-kinezite-sladoled-alkohol-fudbal-8.jpg

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава