Приказна за соништата која ќе ве расплаче и мотивира истовремено

Во мојата компанија по принцип вработувам здрави лица, но на интервју се појави глуво момче кое имаше високо образование и покрај недостатокот.

prikazna-za-sonistata-koja-ke-ve-rasplace-i-motivira-istovremeno-2

Решив да му дадам шанса и го сместив да работи во мојата канцеларија бидејќи не сакав да биде изложен на некоја непријатност кога колегите ќе му се обраќаат повеќе пати, а тој ќе треба да им објаснува зошто ги „игнорира”.

Првите неколку месеци потешко ни одеше комуникацијата, но потоа навикнавме еден на друг, а тој сè подобро и подобро ја завршуваше својата работа.

Можам да речам дека беше мојот најдобар програмер кој досега сум го имал во компанијата.

Еден ден добивме понуда од друга компанија да изработиме за нив посебна програма која беше специфична и бараше многу познавање од програмирањето.

Решив задачата да не му ја предадам веднаш на најдобриот програмер за да не се почувствуваат колегите обесправени, па затоа прво им дадов тест програма на сите.

Оној што ќе ја направеше точно и за најкраток временски период, од наредниот ден започнуваше да работи на новата специфична програма.

Како мотивација за решавање на тој тест понудив 30% од заработката со продавање на програмата.

Ова му го соопштив и на глувиот програмер кој се согласи да се натпреварува со колегите.

На паузата за ручек седев во ќошот од просторијата за ручек наспроти мојот најдобар програмер.

Дојдоја сите колеги зборувајќи гласно за тоа како тест програмата ќе биде тешка и нема никој да успее да ја заврши.

Не ме забележаа, а јас уште повеќе сакав да се прикријам за да го слушнам нивниот став кој знаев дека никогаш нема да ми го соопштат в лице.

Кажуваа како никој не е доволно способен да ја заврши програмата без грешка, а потоа започнаа да го озборуваат нивниот нов колега кој досега не го имаа запознато, знаеја само како се вика.

Го повикаа на име да руча со нив, но тој не ги слушна, завртен со грбот заврши со јадењето и се упати кон канцеларијата.

Тоа предизвика негативна рекација кај нив проследена со навреди, како и уверување дека тој никогаш нема да успее да ја добие програмата за изработување кога е толку кренат во облаци.

Наредниот ден ги ставив сите програмери во една просторија и ги оставив цели осум часа да работат на тест програмата.

Глувото момче ја заврши целата работа за само 6 часа, сите колеги го гледаа љубоморно и наместо да му честитаат, зборуваа лошо за него мислејќи дека никој не ги слуша.

Му реков да оди дома и да започне да се подготвува за програмата, а нив им реков да останат во просторијата.

„Тој е глув“, реков. „Негова среќа е што не може да ги слушне вашите љубоморни испади, како и демотивирачки зборови на паузите за ручек кои можат да го натераат секој што не е доволно упорен во своите цели да се откаже уште на почеток“.

„Но, тој е глув“, им реков повторно „и мило ми е што вашите зборови не успеаа да допрат до него, наредниот месец ќе добие покачување на платата бидејќи е најдобар програмер во цела компанија“.

prikazna-za-sonistata-koja-ke-ve-rasplace-i-motivira-istovremeno-1

Бидете како него, бидете глуви за сите оние кои ви кажуваат дека нема да успеете во нешто што сте го замислиле, не слушајте никој во вашиот живот, освен сопственото срце.

Тоа е тајната на успехот која глувото момче иако не беше свесно дека ја знае, сепак беше благословено да ја практикува.

Д.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg