10 заповеди за вистинските дами

Современите жени се навикнати дека се мора да завршат сами. Нема сомнеж дека е прекрасно да си способна и моќна жена, но понекогаш подеднакво задоволство причинува и однесувањето како разгалена дама.

10-zapovedi-za-vistinskite-dami-01.jpg

За да се чувствувате како современа дама и принцеза, а и така да ве третираат сите во околината, треба да почитувате 10 основни правила и заповеди.

Започнете по ред додека не ги исполните сите:

1. Одете исправено со подигната глава. Овој горд став ве издвојува од останатите и сугерира посебност.

2. Придржувајте се до правилото помалку е повеќе. Не ставајте премногу шминка и не носете многу накит истовремено. Наместо тоа, предадете и се на класичната елеганција.

3. Препуштете му на мажот да ги носи тешките кеси и куфери. Не се мачете без потреба.

4. Избегнувајте ги чевлите со превисока потпетица. Мал број на жени можат нормално да одат во нив без да паднат. Одберете нешто пониски, класични чевли во кои ќе чекорите со самодоверба, а не со страв.

5. Во ресторан, препуштете му на мажот да нарача. Секако дека сами ќе одлучите што да јадете и пиете, само дозволете му тој да комуницира со келнерот.

6. Никогаш не ја пратете модата слепо. Обликувајте го својот стил.

7. Внимавајте на должината на вашиот фустан.

8. Бидете љубезни со луѓето кои ве опкружуваат. Вистинската дама е полна со самодоверба и елегантна и никогаш не ја покажува лутината во јавност.

9. Набавете си еден класичен, елегантен црн фустан. Може да го носите во секоја прилика освен на венчавки, а можете да бирате помеѓу најмалку 1.000 кроеви и модели.

10. Не ги прекрстувајте нозете. Ако сакате да седите елегантно, лесно спојте ги нозете и навалете ги колениците на една страна. Потоа вкрстете ги глуждовите, со што ќе ги избегнете непријатните погледи од спротива.

Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...

Најчитани неделава