Двојниците постојат: Овие девојки се идентични, а не се близначки (видео)

Како ќе реагирате ако си го/ја видите својот/а двојник/чка? Сигурно би се шокирале. Така реагирала и 26-годишната Ниам Генеј кога се сретнала со 29-годишната Карен Браниган.

dvojnicite-postojat-ovie-devojki-se-identicni-a-ne-se-bliznacki-001.jpg

Се верува дека секој човек има по 7 двојници, кои се на различни краеви во светот.

Откако Ниам претходно им помогнала на двајца други да ги најдат своите двојници, тоа им се видело како интересен проект, па направиле фан-страница на Фејсбук.

Целата игра е во тоа да се објавуваат фотографии и преку социјалните мрежи да се прошират низ целиот свет и да стигнат и на најоддалеченото место, каде некој би го пронашол својот двојник.

За да има повеќе натпреварувачки дух, времето за пронаоѓање е ограничено на еден месец.

Она што е неверојатно во првиот случај, кога Ниам си ја барала двојничката е тоа што ја нашла во соседството, односно на еден час патување од неа, во истата држава, Ирска.

Толку многу се идентични што ни самите не можат да си поверуваат кога се гледаат дека дури ги прават и истите гримаси и движења.

Направиле и видео во кое се исто облечени и нашминкани.

Би сакале и вие да ги најдете своите двојници?

Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава