10 Причини кои ќе ве натераат да ја гушнете вашата баба веднаш

Доколку сте ја запоставиле вашата баба поради секојдневните обврски од кои не може да и посветите поголемо внимание, време е да ја гушнете и да и кажете колку ви значи.

10-pricini-koi-ke-ve-nateraat-da-ja-gusnete-vasata-baba-vednas-1

 Овие 10 причини ќе ве натераат да го направите тоа уште веднаш!

1. Потсетете се кој внимавал на вас кога вашите родители биле на работа.

2. Или кој ви ги правел највкусните колачи и зелници?

3. А веројатно и се уште ви ги подготвува...

4. Потсетете се кој ви тутнувал пари во џебот без разлика дали сте имале, за секој случај, да не ви притребаат.

5. Или кој бил тука да ви ја гали главата во скут додека ги раскажувате вашите проблеми и маки?

6. Се сеќавате ли на вкусот на заедничкото кафе или салата кои се највкусни од раката на баба?

7. Ако се сеќавате време е да и сварите кафе или да и подготвите салата како знак на благодарност.

8. Можеби и да излезете заедно на прошетка со вашата баба како што таа го правела тоа со вас кога сте биле деца.

9. Потсетете се кој ве изненадувал со омилената играчка која долго време сте ја гледале на излогот, а родителите не можеле да ви ја купат?

10. Доколку се потсетивте, време е да отидете до цвеќара и да ја израдувате вашата баба со еден убав букет или едноставно да ја гушнете, доволно е тоа за да ја израдувате и да и го направите денот поубав!

Ја гушнавте ли вие вашата баба денес?

Би можело да ве интересира:

12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава