Француска порака во шише

Мистериозно љубовно писмо, кое најверојатно го напишала французинка на својот оженет љубовник, стигна во шише до британското крајбежје...

 

... предизвикувајќи силен спектакл по локалните медиуми.

Овој викенд беа најдени 3 испишани страни, полни со страсти и љубов како и прамен коса, романтично спакувани во шише, а пронајдени на една плажа во јужна Англија.

Пораката на авторката со скршено срце е објавена на сите британските радио станици и на интернет. Шише од frnacuska-poraka-vo-sise1"heineken" пиво затворено одозгора, го пронашол Мартин Лесли, припадник на крајбрежната стража, додека шетал со своето семејство.

Го отворил шишето и ја прочитал пораката, но се збунил кога открил дека во писмото покрај љубовта се споменува и смртта, па веднаш ги контактирал француските власти.

"Помислив дека може да се работи за самоубиство", изјавил Мартин. Меѓутоа, француските власти дошле до заклучок дека љубовното писмо било упатено на оженет маж на кого авторката не смеела да му ги открие своите чувства, поради што се долучила својата порака да ја стави во шише и да ја фрли во морето.

Мартин Лесли смета дека шишето е фрлено во морето од северниот дел на Франција. Како што пренесуваат британските медиуми, писмото носи датум од 25-ти септември, но останува да се види дали се работи за реална љубовна приказна или за шега.

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
Грешки во 30-тите години од животот за кои најмногу ќе се каете „Мислам дека најголема грешка е што луѓето не почнуваат да мислат за нивната фин...
Најбогатите наследници на светот – станале милијардери „преку ноќ“ Најбогатиот аристократ од Англија има повеќе пари и од кралот Чарлс, а наследи о...
„Платив 120$ за маса од 8.000$“: Луѓе кои пронајдоа вистинско богатство во продавници од втора рака „Најдов прво издание на една од моите омилени детски книги - и со автограм од ав...
Исчезнувања од крузери од кои ќе ве полазат морници – со години се обвиени со мистерија Жена чие исчезнување не ни било пријавено од екипажот, жена која била најдена мр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg