Којa е тајната на вечното пријателство?

Во денешно време кога нечовечноста владее пред човечноста, често се запрашуваме дали сепак постои човек меѓу луѓето на кого ќе можеме да му веруваме и од кого ќе можеме да побараме совет или поддршка.

koja-e-tajnata-na-vecnoto-prijatelstvo-1

Единствениот начин да поверуваме дека сепак постои искрен пријател кој ќе не сака и почитува е да се потсетиме дека ние самите сме способни да сакаме и да почитуваме некого навистина.

Па доколку постоиме ние, тоа значи дека во овие 7 милијарди луѓе во светот сигурно има некој како нас или барем сличен на нас кој се уште верува во искрено и вечно пријателство, нели?

Впрочем не е толку тешко пријателството да опстане со било кој човек доколку се однесуваме коректно со него, а и тој со нас.

Сепак постои една тајна која можеме да ја применуваме доколку пронајдеме искрен пријател и сакаме да го задржиме вечно до нас.

Таа тајна се вика Слушај и не зборувај, туку разбирај!

Тајната е многу едноставна, кога слушаш и не зборуваш му даваш шанса на твојот пријател да се искаже во целост, едностано го разбираш и најважно од се, не го осудуваш воопшто.

Едноставно му даваш разбирање и поддршка во се, но внимавш истото да го прави и тој за тебе, а доколку не го прави не се оддалечуваш од него веднаш, туку му ја откриваш тајната на вечното пријателство.

Доколку го направиш тоа, вие ќе бидете вечни бидејќи ќе пронајдете човек и тој некој ќе пронајде човек кој ќе го слуша и разбира постојано.

Верувајте доколку пронајдете ваков човек, освен што ќе ги разбира вашите зборови, тој ќе ја разбира и вашата тишина, а нема ништо повредно од човек кој те разбира и кога молчиш.

Таквите пријателства се вечни и никогаш не умираат, дури и кога тишината ќе биде мртва.

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава