Топло - ладно: 3 причини зошто некои се соблекуваат, додека други се смрзнуваат

Сигурно ви е познато чувството, посебно во овие пролетни денови, кога додека вам ви станува ужасно топло, некој ќе ви подаде студена рака или обратно. Вие се тресете и постојано ви е малку ладно, а се приближувате до некој што ви се чини дека шири топлина, како да доаѓа од плажа.

toplo-ladno-3-pricini-zosto-nekoi-se-soblekuvaat-dodeka-drugi-se-smrznuvaat-01

Некои луѓе се секогаш студени, додека други се постојано топли, а за тоа има и биолошки причини:

1. Степен на стрес

Делот од мозокот, хипоталамус помага во регулирањето на нормалната температура на телото која е помеѓу 36 и 37 степени, но може да ја наруши количината на стрес на кој е изложен организмот. Кога сме под стрес се вклучува автономниот нервен систем кој ја носи крвта в главните органи и со тоа ја зголемува температурата на телото. На тој начин телото се бори против стресот. Интересно е дека при тоа рацете може да бидат студени, бидејќи крвта се повлекува од екстремитетите.


2. Пол

Сте се прашале ли некогаш зошто партнерот е потопол од вас? Нема поголема разлика од вообичаената температура помеѓу мажите и жените, меѓутоа жените се почувствителни на надворешната температура од причина што поголем дел од телото им е изложен на надворешната околина. Жените главно имаат малку повисока температура на телото од мажите, но затоа дланките им се значително поладни.


3. Мислите дека е потопло или поладно отколку што е реално

Понекогаш чувството на преголемо студенило или топлина може да биде само во вашата глава. Ако се жалите дека ви е ладно, штом погледнете дека температурата во собата е 20 степени, веројатно ќе престанете да се жалите и веќе нема да ви биде ладно.

Би можело да ве интересира:

Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...

Најчитани неделава