Џелато или топки: Сладоледот не се лиже исто секаде

Од слаткарници без топки сладолед до луксузни десерти од шеќерни корени наместо чоколадо и ванила. Сладоледот на многу различни начини се ужива ширум светот.

dzelato-ili-topki-sladoledot-ne-se-lize-sekade-isto-01.jpg

Можеби 70-те центи за топка сладолед во Германија ќе ви се чинат како премногу, но веројатно би им простиле ако знаете дека има европски земји кои доста поскапо го наплаќаат сладоледот.

Во Скандинавија топка сладолед достигнува и до 4 евра, но вреди да пробате сосема нов и поинаков вкус. Тука главен специјалитет е сладоледот од благ корен наречен Лакритц.

Ако сте доволно храбри можете да пробате и сладолед од бела чоколада со босилек или маслиново масло.

Како се консумира сладоледот низ земјите?


1. Италија: Џелато во порции

Во родното место на сладоледот треба да внимавате од каде го купувате. Ако сакате да купите сладолед во некои од слаткарниците кои се близу знаменитостите на Рим, скапо ќе платите.

Сладоледот тука не се консумира во топки, туку во одредени големини и вкусови. Цената секако зависи од количината, но просекот е 2.50 евра.

Сладоледот се лиже во текот на целата година.


2. Етиопија: Деликатес за богатите

Во Етипија сладоледот е релативно нов специјалитет кој се смета за вистински луксуз.

Во главниот град Адис Абеби постојат два „храма“ на сладоледот: Igloo и Bruno's и во двете слаткарници цената на сладоледот е 1 евро.

За Етиопјаните тоа е прилично скапо па во овој деликатес уживаат само богатите и посетителите.

dzelato-ili-topki-sladoledot-ne-se-lize-sekade-isto-1.jpg


3. Индија: Сладоледот како лек против жештините

Една од омилените активности на жителите на главниот град на Индија е лижење на сладолед.

Од уличните продавачи може да се купи сладолед од сок од портокал за 14 центи, а како што се зголемуваат жештините така се зголемува и консумацијата.

За само еден викенд вредноста на заработувачката од сладоледот достигнува и над 100.000 евра.


4. Турција

Во Истанбул цената на сладоледот се движи околу 1 евро, а деликатесот „Kahramanmaras“ од истоимениот Турски град е незначително поскап.

Овој сладолед се прави од овчо млеко, шеќер, салеп и прашок добиен од орхидеи кои му даваат специфична густина на сладоледот.


5. Франција: Скапа ужинка

Француските цени на сладоледот се „озлогласени“ меѓу туристите. Во најдобрите слаткарници неговата цена е околу 3 евра.

Пред оние најпознатите слаткарници како што е Maison Berthillon се прават редици од луѓе кои со часови чекаат за една топка сладолед.


6. Чешка: Траги на социјализмот

Во традиционалните млечни барови во центарот на Прага ќе платите околу 60-тина центи за топка сладолед.

Она што е најкарактеристично за оваа земја е што тука се уште најомилен вкус е „рускиот“ сладолед во облик на брикети. Многумина истиот ги враќа во времето на социјализмот.

dzelato-ili-topki-sladoledot-ne-se-lize-sekade-isto-2.jpg

7. Грција: Евтин во градовите, скап на островите

Пристигнавте на Миконос или Санторини? Тука сладоледот ќе ве чини околу 3 евра.

Жителите на оваа земја над топките сладолед преферираат сладолед на стапче или во чаша која може да се купи од секоја трафика.

Би можело да ве интересира:

Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...

Најчитани неделава