Зошто мразот е лизгав? И уште 4 секојдневни мистерии

Зошто бразилските ореви остануваат на површината на чинијата? Пената е течност или гас?

zoshto-ledot-e-lizgav-i-ushte-4-sekojdnevni-misterii-01.jpg

Ова се 5-те мистерии од секојдневието кои се уште не можеме да ги објасниме во целосност.


1. Зошто најголемите јаткасти плодови никогаш не се на дното?

Дали сте забележале дека, во чинијата која е преполна со јаткасти плодови бразилскиот орев секогаш се наоѓа на површината?

Овој феномен дури има и свое име. Се нарекува „Ефект на бразилски орев“ и припаѓа на групата на феномени кои физичарите се уште не можат да ги разрешат.

Без разлика на тоа што се потешки, тие секогаш остануваат на површината на чинијата.

Едно од можните објаснувања е дека ефектот настанува како резултат на тоа што помалите плодови преку пукнатините успеваат да стигнат до дното на чинијата.

zoshto-ledot-e-lizgav-i-ushte-4-sekojdnevni-misterii-1.jpg


2. Што е пената?

Без разлика на тоа дали пиеме кафе или уживаме во топла купка, со пената се сретнуваме секојдневно, но мал број на луѓе се запрашуваат што всушност претставува пената.

Дали таа е во тврда, течна или гасовита состојба?

Физичарот Даглас Дуријан од UCLA тврди дека 95% од пената е во гасовита состојба, а останатиот дел е течен.

Гасот од пената се одвојува од течниот дел и формира материја која се состои од мноштво меурчиња кои го даваат карактеристичниот изглед на пената.

zoshto-ledot-e-lizgav-i-ushte-4-sekojdnevni-misterii-2.jpg


3. Зошто мразот е лизгав?

Со векови научниците се обидуваат да утврдат зошто тешко ја одржуваме рамнотежата на мразот.

Големиот дел од нив се согласни во една работа. На површината на мразот се формира тенок слој на вода во течна состојба и на тој начин ледот станува лизгав на секоја подлога.

Но, јасен одговор на прашањето зошто се формира таа површина нема.

Додека едната група на научници тврди дека токму во контактот со другите предмети се создава овој слој, другата група тврди дека водениот слој настанува со движење на молекулите на површината на мразот.


4. Како настанува статичкиот електрицитет?

Овој феномен е подеднакво необјаснив колку што е и непријатен.

Едно е јасно, настанува со неутрализација на позитивниот или негативниот електрицитет кога допираме некои работи, но зошто се собира?

Вообичаеното објаснување е дека кога два објекти се во допир, преку триењето се електризираат и електроните се пренесуваат од еден објект на друг.

Зошто движењето на електроните не е во двете насоки? Тоа се уште не е познато.

zoshto-ledot-e-lizgav-i-ushte-4-sekojdnevni-misterii-3.jpg


5. Како настанува виножитото?

Виножитото настанува кога сончевата светлина се рефлектира од капките влага кои постојат во атмосферата.

Капките се однесуваат како мали призми кои го одвојуваат светлосниот зрак под агол.

Денес сосема е јасно како настанува, но долг период тоа било мистерија .

zoshto-ledot-e-lizgav-i-ushte-4-sekojdnevni-misterii-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава