Најлоши изговори за неверство

najlosi-izgovori-za-neverstvo-povekjeАко некогаш биде издадена книга на најглупавите изговори за неверство, следниве сигурно ќе се најдат во неа. Дефинитивно се без конкуренција. „Затоа што...

 

1. „Затоа што...ми се може“,
Рече поранешниот претседател на САД Bill Cinton кога Den Rader во неговата ТВ емисија го праша зошто имал сексуална афера со Monica Lewinsky.

najlosi-izgovori-za-neverstvo

2. „Затоа што...ти се воодушевувам“,
Рече Bily Bob Thornton кога ја напушти својата петта сопруга Angelinа Jolie, откако имаше афера со една келнерка. Тој вели дека ја изневерил Angelina заради страв. „Се плашев. Таа беше премногу убава и паметна за мене. Покрај неа се чувствував инфериорен. Едноставно бев преплашен.“

3. „Кабалата ми го испра мозокот“
Технички, ова и не беше изговорот кој го имаше Alex Rodriguez за аферата со Madonna, но тоа беше единственото објаснување кое неговата сопруга и го понуди на јавноста. „Изгледа дека Madonna има некаква контрола над неговиот ум“, им се доверувала таа на своите пријателки. „Не го препознавам човекот во кој тој се претвори. Беше прекрасен и посветен сопруг и татко, а сега е сосема ладен, безчувствителен и пресметлив.“

4. „Јас сум посебен“
Сенаторот John Edwards издаде соопштение до јавноста во кое ја објаснува својата афера со една од организаторките на неговата кампања Rielle Hanter. Во соопштението стоеше: „Во духот на мојата кампања, почнав и сам да верувам дека сум посебен и станав навистина нарцисоиден.“

5. „Во мрак сите сте ми исти“,
Рече познатиот промискуитетен сликар Pablo Picasso. Една ноќ тој се обидел да се оправда за своите бројни афери со зборовите: „Не постои ништо послично од една пудлица на друга , а истото тоа важи и за вас жените“

6. „Јас само ја работам својата работа“,
Сосема ладно изјави Jon Bon Jovi во 2006-тата и додаде: „Неверството е составен дел од работата на една рок ѕвезда“ и за чудо му успеа, па го задржа бракот со својата сопруга каратистката Dorothee Harlie.

7. „Хмммм...милосрдие?“,
Се обиде да се искупи Edi Marfi во 1997 година кога беше фатен со проститутка во својот автомобил во Холивуд. Тој тврдеше дека ја собрал проститутката во својот автомобил само затоа што на неа и требал превоз. „Ова не е единствената проститутка на која сум и помогнал“, изјави тој. „Многу често ги гледам на улица и кога ќе застанам тие ме препознаваат и велат: „Ох боже па ти си Eddie Murphy ...“. И тогаш јас навистина се трудам да им помогнам.“

8. „Одвикнувањето не ми успеа“
Се оправда David Duchovny, званичен зависник од секс и тоа оној кој не може да ти го овозможи твојата сопруга. Заради тоа тој и беше на рехабилитација, но сосема неуспешна.

9. „Ми треба внимание“
Иако се обиде да се задоволи со порно интернет филмовите за кои плати 3000 долари, сепак потенцијалниот сопруг на Christie Brinkley, Peter Cook на креај заврши во кревет со реална личност и тоа неговата осумнаесет годишна асистентка. Во едно интервју тој изјави дека неговата страст сепак можела да се разбуди со: „Малку внимание, малку признание и понекогаш благодарам за мојот труд.“

10. „Сексот ја лечи мојата главоболка“,
Рече во една пригода Kennedy за своите вонбрачни афери. „Ако цели три дена не уживам во женско друштво јас добивам страшни главоболки.“

Би можело да ве интересира:

„Изгледав кич и носев евтини материјали, денес сум префинета дама - како успеав?“ „Пораснав без најмала идеја околу нешто поврзано со модата, а не пак со елеганци...
Најчитаните интервјуа на CRNOBELO во 2023-та Кардиолог, гинеколог, Македонка која „растура“ на социјалните мрежи со своите ја...
Кристален череп - убава и неодгатлива загатка која сè уште ги плени луѓето Откритието на Троја, кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, ги поттикна и...
Најпознати турски суеверија – Колку се слични со македонските? Што значи ако ви свират ушите, зошто не треба да ги сечете ноктите навечер или к...
7 древни јапонски техники со кои најлесно ќе ја надминете мрзеливоста Каизен, Ваби-саби, Хара Хачи Бу... Дали сте слушнале за овие техники п...
7 идеи што да им подарите на луѓето што не можат да си го замислат денот без кафе Од мелница за кафе, до термос за кафе... Постојат повеќе идеи за тоа што би може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg