9 прекрасни работи кои ќе ви се случат кога ќе научите да уживате во самотијата

Повеќето луѓе мислат дека „да бидеш сам“ е лоша работа. Но, самотијата не значи дека сте анти-социјални или непосакувани во друштвото.

9-prekrasni-raboti-koi-ke-vi-se-slucat-koga-ke-naucite-da-uzivate-vo-samotijata-01.jpg

Никој не вели дека треба да живеете како на пуст остров и да се лишите од убавините кои ви ги носат пријателите, но одредената доза на самотија ви носи можност посериозно да се развиете и изградите како личност.

Покрај тоа, постојат многу предности и придобивки кои доаѓаат кога ќе научите да ја прифатите самотијата, а ова се главните 9:

1. Ќе се обновите

Често пати кога сте во друштво вложувате многу енергија. Пробувате да ги направите среќни и задоволите другите, да ги насмеете, да го нахраните нивното его... Сето тоа е добро, но знае да биде исцрпувачки. Самотијата во овој случај ви овозможува полнење на батериите.


2. Повеќе ќе размислувате за својот живот

Животот непрестајно тече со брзо темпо. Толку е брзо, што веројатно ретко имате време кога да застанете и да размислите што правите со него. Самотијата ви овозможува одлична шанса за тоа.


3. Ќе дојдете во допир со своите емоции

Повторно, колку што сте преоптоварени со туѓите емоции, во толку поголема мера губите контакт со сопствените. Кога ќе седнете сами во празна соба, тогаш сè што ќе имате се вашите емоции. Благодарение на тоа, ќе сфатите што ве прави среќни, што ве вознемирува, а што ве растажува. А, со овие информации многу е полесно да ги регулирате емоциите.


4. Ќе почнете да правите работи во кои всушност уживате

Кога сте во поголема група на луѓе, постојано правите компромиси за да пронајдете решенија во кои сите ќе уживате. И за жал, она што вие го сакате, често не се поклопува со она што другите го сакаат. Затоа, многу поедноставно е да уживате во работите кои ве прават посреќни кога сте сами. Дајте си ја таа слобода да бидете малку себични и среќни.

9-prekrasni-raboti-koi-ke-vi-se-slucat-koga-ke-naucite-da-uzivate-vo-samotijata-03.jpg

5. Ќе станете попродуктивни

Да бидете во друштво е забавно, но може да ви ја намали продуктивноста. Туѓото присуство обично ви го одвлекува вниманието, а времето поминато сами со себе ви дава можност да се фокусирате и сконцентрирате.


6. Ќе уживате во вашите односи двојно повеќе

Кога редовно ќе минувате време сами со себе, по извесно време ќе сфатите дека многу повеќе уживате во друштвото на пријателите. Тоа е затоа што времето поминато во мир ви ги изострува емоциите и сетилата. Самотијата исто така ви создава чувство на благодарност на секоја ситница за која претходно не сте биле свесни.


7. Ќе се чувствувате независно

Себепознавањето ќе ви ја зајакне сигурноста, па нема да го имате оној страв од тоа да бидете одбиени. Повеќе нема да имате потреба некој да ве следи во чекор.


8. Нема да мора да се извинувате за секоја ситница

Кога ќе почнете да уживате во самотијата, ќе сфатите дека не треба да се извинувате за сè и сешто. А, тоа ќе ви го отстрани притисокот и ќе ви го олесни животот.


9. Ќе престанете да барате нечие одобрување

Премногу често имаме потреба пријателите и родителите да нè поддржат во она што сме го наумиле. Постојано бараме совети, мислења и одобрувања. Секако, постојат моменти во кои тие се неопходни и добредојдени, но кога ќе почнете да уживате во сопствените мисли, повеќе ќе им верувате на инстинктите. На тој начин самостојно ќе донесувате одлуки за кои нема да ви биде потребно одобрување.

9-prekrasni-raboti-koi-ke-vi-se-slucat-koga-ke-naucite-da-uzivate-vo-samotijata-02.jpg

Би можело да ве интересира:

5 навики за среќен и исполнет живот што можеме да ги научиме од Италијанките Уживајте во храна со јаглехидрати, како пица, но комбинирајте ја и со свежи прод...
16 црвени знаменца кои укажуваат дека си имате работа со нарцисоидна личност Ви ѕвонат без престан стопати ако не кренете веднаш. Ве сметаат како нивно продо...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Најбогатите наследници на светот – станале милијардери „преку ноќ“ Најбогатиот аристократ од Англија има повеќе пари и од кралот Чарлс, а наследи о...
Во Македонија предметите ги чуваме за посебна пригода (и чиниите и чашите и фустанот и свеќата) - Зо... „Изнеси ги чиниите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш топ...
„Бев киднапирана од брачен пар на 3-годишна возраст, во Макарска – ме спаси граничната полиција, во ... „Не се плашев од други луѓе и не чувствував страв од мажот и жената што ме кидна...

Најчитани неделава