Од фраер до папучар

od-fraer-do-papucar-povekjeСигурно барем еднаш во животот сте биле сведоци на појавата некој ваш пријател комплетно да ја промени “плочата” кога бил во долга врска или брак.

 

До тој момент секогаш бил добро расположен за добар провод, ништо не го мрзело, но откако е во долга врска ја слуша само подобрата половина, неговиот авантуризам целосно згаснал, ниту сака да излегува, ниту да се забавува.

od-fraer-do-papucar

Едноставно кажано, станал “папучар”.

Како што тврдат научниците од Харвард, тоа се случува поради факатот што кај мажите во брак или долга врска значително опаѓа нивото на тестостерон.

Интересно е дека нивото на овој хормон нагло расте кај мажите кои ја раскинуваат врската или се разведуваат!

Имено, научниците извршиле истражување на неколку илјадници мажи кои биле поделени во три групи – самци, оженети и оженети со деца.

Освен испитувањето на плунката, со што многу успешно се мери нивото на тестостерон, испитаниците пополнувале прашалник кој сведочи за количината и квалитетот на времето кои тие го поминуваат со партнерите.

Кај оние, кои повеќе време поминувале со својата подобра половина нивото на тестостерон бил многу низок, додека самците забележале најдобри резултати.

Научниците, овој феномен го објаснуваат со еволуцијата. Имено, природата го направила машкото тело на начин намалената потреба за секс да ја зголеми и поттикне грижата за семејството и потомството.

Кога на сето ова ќе се додадат и индивидуалните карактеристики на личноста, ете го објаснувањето зошто некои мажи се “папучари”.

Би можело да ве интересира:

12 чудни дизајни што ќе ве остават со подзината уста (фото) Иако постојат работи што нè воодушевуваат, има и такви кои знаат да нè остават с...
Неучтиви работи што многу луѓе ги прават во теретана (а не треба) Не ги враќаат теговите на свое место, прават цела фотосесија пред огледалото, пу...
Интимни средби со стјуардеси, алкохол пред лет: Мрачните тајни на пилотите (кои добиле отказ) Иако мнозинството пилоти се посветени професионалци кои можат да ни служат и как...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...
Таблета залутана во пакување со капсули и уште 8 ситуации кои делуваат неверојатно Компир пресечен точно на половина (до грам), парче од таблетка залутано во пакув...
9 „црвени знаменца“ дека некој воопшто не ви е пријател (дури и ако ви е тешко да поверувате) Суптилните навреди ги маскира како шеги, а кога ќе забележи дека сте успеале во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg