Кои се најважните цели кои треба да си ги поставите секое утро?

Вообичаено, пред почетокот на некој месец или календарска година си поставуваме цели кои се трудиме да ги исполниме во некој зададен рок. Но, ретко кога успеваме во тоа.

postavete-si-kratkorocni-celi-za-dolgorocni-rezultati-01.jpg

Затоа, секогаш е подобро да си поставиме краткорочни цели. Поставете си цели кои можете да ги исполните во текот на денот, но кои ќе имаат долгорочни резултати.

Еве кои се најважните цели кои треба да си поставите секое утро и да ги исполните до крајот на денот...

Љубов во душата

Наполнете се со љубов.

Колку повеќе ја давате, дупло ќе ви се враќа.

Покажете му на вашиот партнер, на вашите родители, деца, пријатели колку многу ги сакате и колку многу сте среќни што се дел од вашиот совршен свет.


Здравје во телото

Поставете си за цел да се исчистете од токсините насобрани во вашиот организам.

Пијте многу течности, наполнете ја кујната со многу свежо овошје и зеленчук.

Испробајте нови рецепти на салати, овошни закуски...

Излезете на воздух, пешачете, џогирајте, шетајте го вашето милениче.


Спокој во главата

Секој ден правете работи кои максимално ве опуштаат.

Медитирајте, сонувајте за поубава иднина, прочитајте добра книга, пишувајте за убавите работи кои ви се случуваат, изгледајте некој филм...

Сфатете дека животот е најскапоцениот дар и дека треба да бидете среќни и спокојни, за тоа што сте тука, во овој момент и вдишувате кислород.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ладнокрвно убил дете бидејќи бил жртва на булинг: Морничавата приказна за 13-годишниот „убиец со пег... Во 1993-та, 13-годишниот Ерик Смит од САД ладнокрвно убил 4-годишно дете бидејќи...
Фото-докази дека некогаш животот со цимер е вистински кошмар Неизмиени садови, преполна корпа со ѓубре, храна која стои во кујната со месеци ...
Потресна исповед на ќерка на сериски убиец: „Не сакав да верувам дека татко ми е способен да измачув... Кери Росон од САД е ќерка на озлогласениот сериски убиец Денис Радер кој има уби...
10 очигледни особини кои ги имаат луѓето со ниска интелигенција Не се љубопитни и немаат интерес за подлабоко да навлезат во некои теми. Се прец...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
„Јапонија е ужасна за одмор со деца – не нè пуштаа во ресторани, нè бркаа од такси“ „За време на нашето двонеделно патување, веќе престанав да бројам колкупати враб...

Најчитани неделава