Најбизарните диети во историјата

Кога здравата исхрана и вежбањето едноставно не се доволни, луѓето се вртат кон најновите, а често и најчудните планови за слабеење со надеж дека конечно ќе ја постигнат целта.

najbizarnite-dieti-vo-istorijata-01.jpg

Диетите за слабеење постоеле со векови. Погледнете на кои сè начини луѓето се обидувале да ја намалат тежината и кои биле најбизарните диети во историјата:


Избегнување на мочуришта

Во 1727-та година, Томас Шорт напишал трактат под наслов „Причините и ефектите на корпулентноста“, во која тој објаснува дека дебелите луѓе имаат тенденција да живеат во близина на мочуришта.

Негова препорака? Дебелите луѓе треба да се преселат на место со сува клима.


Глад или хистерија?

Во втората половина на 19-от век, еден вид на „Викторијанска анорексија“ била популарна меѓу средната класа и аристократија на Западна Европа.

Луѓето буквално гладувале со цел да бидат слични со аристократите.


Диета со оцет

Англискиот поет Лорд Бајрон ја популаризирал диетата со оцет во 1820-та година. За да го исчисти телото тој дневно пиел многу оцет заедно со својот чај и сирови јајца.

Несаканите ефекти од диетата вклучувале повраќање и дијареја.


„Флечеризирање“

Во Сан Франциско во 1903-та година, продавачот на уметнички дела Хорас Флечер станал познат како „Големиот Џвакатор“ откако изгубил 40 килограми џвакајќи ја неговата храна без да ја голта.

Секој залак го џвакал 32 пати и остатоците ги плукал. Сметал дека неговото тело ќе ги апсорбира хранливите материи кои му се потребни и без голтање.

Неговото мото гласело: „Природата остро ќе ги казни оние кои не џвакаат.“


Диета со сапун

Измијте ги мастите со туш? Звучи премногу добро да биде вистина. Но, во 30-тите години се произведувале сапуните „Fatoff“ и „Fat-o-no“.

И покрај нивните грандиозни тврдења, овие сапуни немале магични содржини: во суштина биле обични сапуни направени со калиум хлорид и други основни состојки.


Диета со спиење

Тешко е да се јаде додека се спие. Тоа била идејата зад оваа диета која била популаризирана во 60-тите години. Следбениците на диетата пиеле многу седативи за да спијат со денови.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ладнокрвно убил дете бидејќи бил жртва на булинг: Морничавата приказна за 13-годишниот „убиец со пег... Во 1993-та, 13-годишниот Ерик Смит од САД ладнокрвно убил 4-годишно дете бидејќи...
Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп „Познавам само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија“, има изјавен...
12 рендгенски снимки што ќе ви откријат друга страна на светот околу нас Сте виделе ли како изгледа рендгенска снимка од стапала на бебе или од бремен пи...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
Што има во торбичките со подароци за номинираните за Оскари 2026? Покрај ваучерот за липосукција, како и скап третман за лице кој чини 25.000 дола...

Најчитани неделава