Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Избор за најубав геј маж

Кина наскоро ќе го организира првиот натпревар за убавина за геј ориентираните лица, иако во таа земја хомосексуалноста е сеуште чувствително...

 

... прашање.
izbor-za-najubav-gej-maz1
Победникот ќе има право да учествува на светскиот натпревар за најубав геј маж, известуваат организаторите. Натпреварот "Mr Gay China" ќе се одржи на 15 јануари во еден клуб во Пекинг, а победникот потоа ќе има право на учество на "Gay World", што ќе се одржи во февруари во Норвешка.

"Како и на сите слични манифестации, учесниците ќе продефилираат на пистата во спортска комбинација, потоа во костими за капење, за потоа ќе одговараат на прашања кои ќе ги поставуваат членовите на жирито", изјавиле организаторите.

На овој натпревар ќе може да се пријават кинески државјани, но и странци кои живеат во Кина. Колку за потсетување, до 2001 година во Кина хомосексуалноста се сметаше за ментална болест и сеуште е табу тема за голем дел од кинеската популација.

И покрај големата фама околу овој натпревар за убавина, кинеските медиуми нема да бидат повикани да го следат ова случување.

"Ризично е да привлекуваме големо внимание на јавноста околу ова случување, и на тој начин ќе бидеме изложени на разни непотребни потешкотии", оценија организаторите.

Во 2005 година, China Daily објави податок според кои се проценува дека во Кина живеат 30 милиони хомосексуалци.

Би можело да ве интересира:

Каква би била реалноста ако жените си ги сменат улогите со мажите, низ илустрации Што ако се сменат улогите и жените почнат како (некои) мажи да зборуваат дека мо...
Трикови што ги користат крадците и измамниците низ популарните европски дестинации Лажни питачи, улични изведувачи – измамниците и крадците низ европските градови ...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Психопати и генијалци - сериски убијци кои имале коефициент на интелигенција над 140 Сериските убијци кои се карактеризирани како психопати неретко се интелигентни л...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
6 работи што ги сметаме за некултурни, но се знак за учтивост во други земји Знаевте ли дека во Индија, па и Турција, ждригањето на маса е добредојдено бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg