На здравје: Гест што сите го правиме, но знаете ли зошто?

Било да сте на свадба, во ресторан, прослава на Нова година, роденден, именден, овој гест го повторуваме на сите настани, но сте се запрашале ли зошто и од каде потекнува овој обичај?

na-zdravje-gest-shto-site-go-pravime-no-znaete-li-zoshto-01.jpg

Постојат многу приказни и легенди, една од нив кажува дека луѓето наздравувале за да ги избркаат лошите демони. Оваа приказна е поврзана со црковните ѕвона, бидејќи се верувало дека звукот на ѕвоното ги брка и плаши лошите сили.

Во старите племиња целта исто така била да се избркаат духовите. Номадските племиња своите чаши ги украсувале со ѕвона и други алатки кои произведуваат бучава.

Во античка Грција, звукот исто така имал важна улога во пиењето вино, но само затоа што Грците верувале дека виното носи духовност и убавина за сите сетила.

Антрополозите тврдат дека античките Сумери имале многу ритуали поврзани со пиење, но тропање на чаши не се спомнува никаде конкретно.

Сепак, настрана од легендите, постои и една реална приказна поврзана со овој обичај.

Во среден век на кралските дворови во Европа непријателите се отстранувале со ставање на отров во виното. Откако оваа тајна била откриена, кралевите на големите настани силно се удирале со своите чаши за да ги измешаат пијалаците со отров, а гостите ништо да не забележат.

Оттука постои и обичајот домаќинот секогаш прв да го проба пијалакот, или јадењето пред гостите.

Денес наздравување обично значи радост и среќа, а во некои земји со ова се изразува и почит.

На пример, во Јапонија ако сте на неформална вечера со пријателите пред да наздравите, чашите треба да ви бидат наместени на исто ниво, додека на деловни вечери чашите на подредените секогаш треба да бидат малку пониски од чашите на шефовите.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Изгледаш добро за годините“ и уште 8 најглупави коментари кои ги добиваат жените во Македонија Иритантен коментар во Македонија e кога маж е дома со децата, додека жената е из...
Моќта на бројките - пресметајте кои години ќе ви бидат среќни и ќе ви донесат пресвртница во животот Нумерологијата, покрај другите работи, може да ви помогне да пресметате и кои го...
14 вешти луѓе кои со свои раце создадоа мали ремек-дела (фото) „Со часови гледав во фотографијата од мојот миленик пред да направам приврзок со...
Грешки со кои им ја олеснувате работата на крадците кога сте на патување Не го прицврстување телефонот со ремче или нешто слично додека фотографирате нао...
„Колега беше опседнат со мене – ме следеше, ми се закануваше, а полицијата изреагира дури откако ми ... 31-годишна Британка доживеал вистински кошмар кога нејзин нов колега станал опсе...

Најчитани неделава