Интересни факти за Симпсонови

Ако сте еден од многубројните обожаватели на "Симпсонови", тогаш дефинитивно треба да ги проследите интересните факти за оваа серија кои досега...

 

... не сте ги знаеле или не сте имале можност да ги прочитате. Еве дел од нив:

- Авторот на култната серија Matt Groening, името на градот во кој живеат неговите јунаци е Спрингфилд, бидејќи тоа е најчесто име за градовите во САД (ги има дури 35).

- Имињата на некои од ликовите одговараат со имињата на членовите од семејството на авторот. Мајка му се вика Маргарет (Марџ), сестрите му се викаат Лиса и Меги, а татко му и синот го носат името на водечкиот јунак Хомер.

- "Daddy" - првиот збор кој во серијата го изговара Меги, всушност е гласот на славната Елизабет Тејлор.interesni-fakti-za-simpsonovi1

- Ликовите во серијата имаат по 4 прста на секоја рака и повеќето од нив се леваци (како и самиот Matt Groening)

- Симпсонови ја добија својата ѕвезда во Холивуд на 14ти Јануари, 2000 година.

- Во близина на Лас Вегас постои куќа која е неверојатно слична со онаа на семејството на Симпсонови, па така денес таа се користи како туристичка атракција.

- Една епизода од серијата чини преку милион долари. Лицата кои ги позајмуваат гласовите на ликовите, заработуваат по 50.000 долари.

- Карактерот на Mayor Quimby е базиран на поранешниот американски претседател J.F. Kennedy.

- Веб сајтот кој го отвори Хомер за да се шират трачеви за жителите на Спринфилд, навистина постои и е достапна на www.mrxswebpage.com.

- Во последните епизоди може да се добие телефонскиот број на Симпсонови (939-555-0113), како и нивната е-пошта (Хомер,Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.). До сега не е познато колку повици и пошти се пристигнати.

- Барт е 2 години и 38 дена постар од неговата сестра Лиса.

- Симпсонови е единствената ТВ емисија која ги угости трите членови на групата Битлси, а да не се работи за музичко шоу. Хомер го посетија George Harrison, Paul McCartney и Ringo Starr.

- Благајната на почетокот на секоја епизода покажува дека Меги вреди 847,63 долари. Matt Groening тврди дека толку биле неговите месечни трошоци за својото новороденче во времето кога серијата настанала.

- Името Барт е анаграм на зборот "брат" (детиште).

- Симпсонови во 2005 година започнаа да го освојуваат арапскиот пазар под називот „Al Shamshoon". Хомер во оваа пригода е преименуван во Омар, Барт во Бадр, а Спрингфилд во Рабеа (Rabeea = арапски збор за пролет, градина)

Би можело да ве интересира:

Поранешни затвореници споделуваат како навистина изгледа престојот во затвор „Нема постојано драма и тепачки. Јас бев во затвор со минимално обезбедување и п...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
„Празници им се и на оние во болница, а и на оние кои примаат сочувство - Имајте разбирање за нив“ Среде еуфоријата во празничниот период забораваме дека најважниот подарок всушно...
Лошите и добри страни на работата од дома, низ 16 забавни илустрации Марфиевиот закон за сите што работат од дома гласи: „Ако излезете до продавница ...
Легендарен момент: Ал Пачино и Роберт де Ниро, пријатели и филмски икони, се појавија во емотивна мо... Најубавата реклама, видео и фотки што ќе ги видите денес - Ал Пачино (85) и Робе...
Забавни ситуации во кои ќе се препознаат сите над 30 години: „Ова сум дефинитивно јас“ Порано се зацрвенувавте кога некој ќе ви дадеше комплимент, особено некој непозн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg