Напишете убаво писмо

napishete-ubavo-pismo-povekjeПраќањето на писмо во кое некому се заблагодарувате за нешто е навистина убав гест, независно дали станува збор за приватни или бизнис цели.

 

Најсоодветни ситуации во кои треба да пратите писмо за благодарност се:napishete-ubavo-pismo

  • Кога ќе добиете подарок
  • Кога некој ќе направи нешто добро за вас

Во идеални околности, писмото треба да биде напишано на хартија, а не пратено по е-маил затоа што на тој начин ќе оставите впечаток дека навистина го мислите тоа што сте го напишале.

Кога станува збор за ваков тип на писмо, не деловно писмо, тогаш препорачливо е да не користите строга структура при неговото пишување.

Секогаш треба вашата адреса и датум да ги ставите во горниот агол на писмото.

Обратете му се на примачот со “Драг [Име],” и веднаш започнете со заблагодарувањето за тоа што тој го направил за вас, добиениот подарок, направената услуга, покажаната добрина.

Во втората реченица или параграф образложете како вие се чувствувате во однос на тоа за што се заблагодарувате.

Некои луѓе, во ваквите писма сакаат да споделат некои новости, особено доколку долго време не биле во контакт со примачот. Но, одредени експерти за етика сметаат дека ова е несоодветно и дека треба праќачот да се фокусира на заблагодарувањето.

Во последната реченица секогаш напишете колку се радувате на следната средба или разговор со примачот и уште еднаш нагласете ја целта на писмото.

Во секој случај што и да напишете и како и да го напишете, сè додека тоа е искрено и од срце, останатото не е важно.

Би можело да ве интересира:

Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
„Нерешени“ мистерии кои (веројатно) имаат научно објаснување Знаевте ли дека круговите во жито за кои многумина верувале дека се направени од...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Го сакал Ендру Тејт, Меланија уште го третира како дете: Скандали кои може да му наштетат на Барон Т... Ендру Тејт се соочува со обвиненија за силување и трговија со луѓе, а во јуни ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg