Доставувач на пица со солзи во очите раскажува зошто добил бакшиш од 700 долари

На добрината на луѓето никој не останува рамнодушен, посебно не оние луѓе кои имаат потешкотии во животот, а добиваат неочекувана помош од личности кои воопшто не ги познаваат.

dostavuvac-na-pica-so-solzi-vo-ocite-raskazuva-zoshto-dobil-bakshish-od-700-dolari-01.jpg

Таков е случајот и со еден доставувач на пица кој отворено ги изразува своите емоции и благодарност низ солзи за црквата која решила да му помогне.

Џеф Луис е вработен во пицеријата „Gionino's Pizzeria“ во Охајо, а неодамна бил прилично изненаден кога добил бакшиш од 700 долари за доставената храна од црквата „Life Point Church“.

Пицеријата отвора во 12 часот, но црквата го замолила Џеф да дојде малку порано за да ги достави нарачаните пици. Кога пристигнал таму, го замолиле да се качи на бината, бил збунет и изненаден, но го исполнил барањето.

„Се случи неверојатна работа. Сите луѓе од црквата дојдоа и ми дадоа бакшиш во вредност од над 700 долари“ – објаснува Џеф.

„Ова за мене е навистина неверојатна работа, посебно затоа што ова е прилично тежок период за мене. Се борам да останам чист и да живеам нормален живот“ – додава тој.

Пасторот Кен Врајт решил парично да му помогне.

Џеф изненаден од добрината на луѓето кои воопшто не го познаваат, решил да објави видео со кое ќе ја изрази благодарноста:

Би можело да ве интересира:

„Разговорот што посакувам да го имав со мајка ми пред да наполнам 40 години“ „Мајка ми убаво ми објаснуваше за промените на моето тело. Уште пред да си играм...
Labubu куклите и уште 9 трендови од 2025-та што се бесмислени според постарите генерации „Луѓето како веќе да немаат срам. Не е ’кул‘ или ’смешно‘ да се правите идиоти з...
Страдала од депресија, син ѝ ја убил во самоодбрана: Трагичната судбина на актерката Сузан Кабот Последните години од животот, Сузан Кабот ги поминала во изолација, живеејќи со ...
Со години не видел сонце, минува 23 часа во ќелија: Каков е животот на Ел Чапо во затвор, по филмско... Озлогласениот наркобос Ел Чапо се наоѓа во затвор со максимално обезбедување, це...
„Мона Лиза“ и уште 6 од најскапите предмети кои биле украдени – по дел уште се трага Сликата „Мона Лиза“ која денес се проценува на повеќе од една милијарда долари, ...
Луѓе кои како да „процветаа“ по 40-тата година, па изгледаат многу подобро отколку во младоста „Поминав низ средовечна криза и решив да се посветам повеќе на себе. Сега се чув...

Најчитани неделава