9 работи кои мажите и жените ги прават поинаку

Мажите и жените можат да бидат толку различни, што може да се види во малите нешта, но и важните нешта.

9-raboti-koi-mazite-i-zenite-gi-pravat-poinaku-01

Ова се 9 работи кои мажите и жените ги прават на поинаков начин:

1. Се соблекуваат поинаку

Мажите и жените ја соблекуваат својата облека на различни начини. Мажите најчесто ги ставаат рацете зад рамениците и на тој начин ја соблакаат маицата, а жените својата маица ја соблекуваат од предната страна. Ова е резултат на фактот дека женската облека е тесна, затоа „машкиот“ метод не функционира.


2. Поинаку ги покажуваат рацете

Кога еден маж и една жена би ги прашале да ги покажат рацете, мажите секогаш ќе ги покажат своите дланки, додека жените, поради некоја причина, секогаш го покажуваат задниот дел од дланките.


3. Поинаку ја фрлаат топката

Мажите обично ја фрлаат топката одозгора и позади главата, додека жените ја фрлаат нагоре, одоздола, додека ги држат двете раце пред нив. Зошто? Никој не знае!


4. Поинаку слушаат звуци

Жените имаат поизострено чувство за слух од мажите и се експерти за постигнување на високи фреквенции. Неверојатно, но женскиот мозок е "програмиран" да го слушне плачот на детето. Сепак, мажите можат да го откријат правецот на звукот подобро од жените.


5. Разлика помеѓу левата и десната страна

Мажите никогаш не ја мешаат десната и левата страна, бидејќи им е поактивен левиот или десниот дел од мозокот, но никогаш и двата дела. Жените понекогаш имаат проблеми да ја одредат точната страната.


6. Гледаат поинаку

Мажите можат да гледаат јасно напред и далеку во далечината. Може да се каже дека имаат очи како двоглед. Ова се нарекува “тунел визија“ - визија на ловец способен за следење на својот плен. Спротивно на тоа, жените имаат многу подобра периферна визија. Овие разлики можат да има сериозни последици. Осигурителните компании тврдат дека за жените е помалку веројатно да бидат вклучени во сообраќајни несреќи каде што нивниот автомобил е погоден од страна.


7. Поинаку се справуваат со задачи

Мажите можат да се концентрираат само на една задача во дадениот момент. Спротивно на тоа, многу луѓе веруваат дека жените можат да се справат со неколку работи во исто време. Уште еднаш, причината за ова лежи во различните начини на кои мозокот на мажите и жените функционира и влијанието на социјално-определените улоги.


8. Поинаку се справуваат со проблемите

Често кога една жена има проблем, таа сака да зборува за него со својата мајка, најдобриот пријател, нејзиниот маж, па дури и со непознатите луќе кои седат до неа во автобус. Таа ќе пишува за него во нејзиниот дневник и сл. Колку повеќе дискутира за нејзиниот проблем, толку полесно ќе и биде. Мажот се справува со стресот сам и тој самиот го одвлекува вниманието од неговите проблеми.


9. Поинаку ги паметат информациите

Меморијата на жената е како еден огромен шкаф со десетици полици, каде што сè е на своето право место. Жените точно ги паметат информациите кои сакаат да ги запоменат до детали. Мажите, од друга страна, обично се сеќаваат само на она што тие сметаат дека е навистина важно.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки со кои несвесно (и непотребно) си создавате стрес на летниот одмор Правите натрупан распоред за секој ден наместо да се релаксирате и имате нереали...
Таблета залутана во пакување со капсули и уште 8 ситуации кои делуваат неверојатно Компир пресечен точно на половина (до грам), парче од таблетка залутано во пакув...
Labubu куклите и уште 9 трендови од 2025-та што се бесмислени според постарите генерации „Луѓето како веќе да немаат срам. Не е ’кул‘ или ’смешно‘ да се правите идиоти з...
Убил над 20 луѓе, додека бил информант под заштита: Детали за случајот кој е „најголем срам“ за ФБИ Скот Кимбал успеал да изманипулира неколку ФБИ агенти и да стане нивен доверлив ...
Стереотипи во кои луѓето погрешно веруваат за 7 различни професии, низ илустрации Мит 1 - задача на стјуардесите е да ги услужуваат патниците. Вистина - нивна гла...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...

Најчитани неделава