Постојано доцните? Еве како да го спречите тоа!

Одвреме-навреме (читај: секогаш) доцниме некаде. Без разлика дали се работи за работа, училиште, љубовен состанок или средба со пријателите, ако сте во групата на оние кои постојано последни пристигнуваат, тогаш оваа статија ви ја посветуваме вам.

postojano-docnite-eve-kako-da-go-sprechite-toa-01.png

Ако ве интересира како да престаните да доцните, тогаш овие неколку совети би требало да ви помогнат:

1. Бидете искрени, колку време ви е потребно за нешто?

Голем број луѓе кои хронично доцнат го потценуваат времето што им е потребно да се подготват. Наместо да кажат „Ќе бидам таму во 2“ иако треба да се истушираат, да се дотераат и да се облечат, тие треба да речат „Ќе бидам готов/а за 25 минути“.

Пробајте да мерите колку време навистина ви е потребно за да се спремите и бидете пореалистични со временските претпоставки.


2. Прокрастинацијата не треба да ви е дел од вашата рутина

Ако сакате да сте точни, правете ги нештата пред време. Тоа значи ако облеката ви е на хемиско и ви е потребна за утре, треба да ја земете денес, со време да се спакувате за патувањето, земете ручек за на работа...

Ако ги правите нештата пред време не само што ќе пристигнете на време туку ќе имате можност и порано да си легнете – што ќе ви помогне да се справите со лудиот дневен распоред.


3. Не го притискајте „снуз“ копчето

Ако сте доволно наспани т.е. си легнете порано, тогаш помали се шансите да ви биде тешко да станете и да го притеснете „снуз“ копчето.

Држете се до рутина на спиење и не одложувајте кога е време да станете. Верувајте ни, ќе се чувствувате многу подобро.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 навики кои изгледаат безопасно, но ви ја уништуваат самодовербата Се извинувате за буквално сè и толерирате непочитување, наместо да се одбраните....
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“ „Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...

Најчитани неделава