Британец со генијална идеја како да не добие казна за паркирање

Да збеснувате пред сообраќајните полицајци и не ви е баш паметна работа. Напротив, малку шарм или некоја генијална идеја можат да ви помогнат – како што е случајот со писмото да еден човек од Ливерпул.

britanec-so-genijalna-ideja-kako-da-ne-dobie-kazna-za-parkiranje-01.jpg

Како што самиот објаснува во писмото „имал две три чашки повеќе со пријателите“ и не сакал да вози, па решил да остави нешто за оној полицаец кој ќе дојде да му напише казна.

Во писмото напишал:

„Драг господин полицаец.

Ќе бидам во мојот автомобил до 10:30 часот наутро... Ветувам!

Ве молам не ми пишувајте казна, испив две-три чашки повеќе со пријателите и не сакав да возам. Еве пакетче чипс од мене!!

Среќен Божиќ!!“

Писмото завршува со две стрелки едната посочува кон чипсот, другата до уште една порака за случајните минувачи: „Ако не си сообраќаен полицаец, те молам не го земај чипсот...“.

Пораката ја забележала новинарка од „Liverpool Confidential“ и решила да ја објави на својот Твитер профил.

Би можело да ве интересира:

Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Мистерии решени со помош на Google Maps, од „обични“ луѓе Убиства, исчезнувања… Многу луѓе сонуваат да се најдат во улога на детектив, а с...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Coca Cola ја донесе божиќната магија – рекламата повторно со AI, делува како бајка од Disney филмови... Панди, фоки и други животни се главни ликови во новата божиќна реклама на Coca C...
50 луѓе спијат во иста ќелија, со глувци и лебарки: Бруталните услови во островскиот затвор во Њујор... Затворот Rikers Island е лоциран на остров во Њујорк, а условите се толку лоши, ...

Најчитани неделава