Црква стара 400 години исплива од езеро во Мексико (фото)

Неодамна остатоците од црква стара 400 години повторно испливаа од водите на резервоар во јужната мексиканска држава Чијапас. Сушата во регионот предизвикала спуштање на нивото на водата до 25 метри, со што црквата повторна се појавува после многу години.

crkva-stara-400-godini-ispliva-od-ezero-vo-meksiko-01.jpg

Црквата е поврзана со свештеникот Бартоломеј де лас Касас, првиот бискуп на Чијапас. Се верува дека пристигнал во Мексико 1540-тите години со група свештеници, кои ја изградиле црквата.

Според истражувањата спроведени од страна на историчарите црквата била изградена од шпанските освојувачи. Магичната градба која можеме да ја видиме е висока 9 метри, долга околу 55 метри а широка околу 13 метри.   

crkva-stara-400-godini-ispliva-od-ezero-vo-meksiko-02.jpg

Остатоците од црквата биле потопени кога владата во 1966-та година решила на тоа место да го изгради резервоарот „Nezahualcoyotl“. По градењето на браната црквата испливала од водите само двапати.

crkva-stara-400-godini-ispliva-od-ezero-vo-meksiko-03.jpg

Во 2002-ра година нивото на водата се спуштило толку многу што посетителите имале можност да ја разгледуваат црквата од самата нејзина внатрешност.

crkva-stara-400-godini-ispliva-od-ezero-vo-meksiko-04.jpg

crkva-stara-400-godini-ispliva-od-ezero-vo-meksiko-05.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистински бисери, винтиџ сет за трпезарија - 14 луѓе кои пронајдоа богатство во продавници од втора ... „Ќерка ми најде винтиџ комплет од Victoria’s Secret. На него пишува дека е од 19...
Убил над 20 луѓе, додека бил информант под заштита: Детали за случајот кој е „најголем срам“ за ФБИ Скот Кимбал успеал да изманипулира неколку ФБИ агенти и да стане нивен доверлив ...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...
12 предлози за забавно летно хоби (во кои со сигурност ќе уживате)  Изразете ја вашата креативност преку изработка на накит. Креирајте нешто...
Од војник до ѕвезда: Која е трансродовата жена што меѓу првите го променила полот со операција? Во 1950-тите, никој не ни знаел дека постои операција за промена на полот. Па, т...
Од инструкторка по скијање, до разгалена богаташка: Колку се промени животот на Ивана Трамп по брако... Иако пробувала да се однесува приземјено, Ивана несомнено ги сакала парите и рас...

Најчитани неделава