Игри за пиење кои мора да ги пробате

Ако подготвувате забава во која сакате да вклучите необични работи, покрај различните декорации и доволната количина на алкохол, треба да размислите како да ги поврзете гостите, особено ако има луѓе кои не познаваат никого.

igri-za-pienje-koi-mora-da-gi-probate-01

Затоа додека да одите преку здодевни запознавања при кои никој на никого нема да се сеќава или ќе се чувствува засрамено, ви предлагаме друштвени игри со алкохол кои и тоа како знаат да ја подигнат атмосферата и да ги зближат луѓето?

„Табу“

На почетокот на забавата секој добива картичка на која е напишана некаква фраза, збор или некое движење. Треба да биде нешто што ќе биде кажано или направено, но сепак да не е нешто што се кажува често или движење кое се среќава многу често. Секогаш кога некој ќе забележи дека некој го направил движењето, го кажал зборот или фразата од неговата картичка треба да извика „табу“ и лицето кое направило она што било напишано треба да пие.

Пример за оваа игра :

движења : погледни во огледало, допри ја нејзината коса, ракување, поздрав со бакнеж...

зборови: пиво, забава, кревет, работа, факултет...

фрази: Не знам, Не можам да поверувам, Не можам повеќе, Посакувам да можев...

Ова е забавна игра со алкохол која може да се игра за време на целата забава. Дури и да играте други игри со алкохол во меѓувреме оваа игра може да биде имплементирана во склоп на тие игри.


„Гризнете ја торбата“

Оваа урнебесна игра со алкохол е навистина забавна за гледање. Поставете кафеава, хартиена ќеса на подот. Играчите мора да се наведнат и да ја земат ќесата во нивната уста. Единствено нешто што е дозволено да го допира подот се нозете, а ќесата мора да биде фатена со уста. Ако некој падне или не успее, мора да се напие некаков шот (некој микс или текила). После секоја рунда пресечете по еден сантиметар од ќесата и играјте одново. Оваа игра станува интересна после петтиот пресечен сантиметар, па ве прашуваме колку долго можете да издржите?  


„Најдобриот цицач“

Ако сакате да добиете напади на смеа тогаш дефинитивно треба да ја пробате оваа игра. За да ја остварите ќе треба да купите шишиња за бебе за секој оној кој планира да ја игра играта. На почетокот се полнат шишињата со омилениот алкохол на секое „бебе“ и на соодветен знак секој започнува со пиење од цуцлата. Оној кој ќе го испие својот алкохол прв е најдобирот цицач. Погрижете се да не претерате и да изберете исти цуцли за да не остане некое од бебињата без доволно капки од својот омилен пијалок.


„Господинот замрзнувалко“

Ова е уште една забавна игра која може да се игра за време на целата забава. Еден од гостите е назначен за г-дин Замрзнувалко. По негова желба, за време на забавата тој мора да се смрзне (да не се поместува или мрда). Сите треба да забележат и да го направат истото. Оној кој ќе се „смрзне“ последен пие. После тоа се избира нов г-дин Замрзнувалко.


„Лов“

Оваа игра се игра со помош на имиња на познатите. Првиот играч кажува едно име по желба, тој одлучува дали ќе вклучи презиме или не. Потоа групата вели „ловете“ и треба наредниот играч да каже име на позната личност која започнува со последната буква од претходното име. 

На пример, еден вели Лејди Гага, потоа групата вели „ловете“, а наредниот играч би требало да рече Адел (бидејќи а е последната буква на Гага). Ова се прави сè додека некој не паузира предолго или не може да најде соодветно име. Ако не го направи тоа тогаш тој мора да испие две чашки за казна.

Со овие игри би требало да добиете интересни спомени од една добро помината забава. Искористете го за максимална смеа и задоволни лица на сите оние кои сте ги поканиле, но внимавајте да не претерате.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 носталгични фотки кои ќе ве вратат во детството (време кога дури и светот мирисаше поинаку) „Со сопругот ненајавени отидовме кај свекрва ми. Беше време за ручек, па извади ...
Грешки со кои им ја олеснувате работата на крадците кога сте на патување Не го прицврстување телефонот со ремче или нешто слично додека фотографирате нао...
Бизарни методи за утврдување бременост што се користеле во минатото Од проверување на бојата на женските гениталии, до уринирање врз јачмен и пченка...
11 бонтон правила кои, за жал, дел од мажите во Македонија не ги знаат Бонтон правило: На шведска маса почитувањето на редот е едно од основните бонтон...
Дехидрирана крв, пресадена рожница: Фотки кои покажуваат колку е чудно човечкото тело Сте виделе и како изгледа дехидрирана крв или, пак, рендгенска снимка од бебешка...
16 црвени знаменца кои укажуваат дека си имате работа со нарцисоидна личност Ви ѕвонат без престан стопати ако не кренете веднаш. Ве сметаат како нивно продо...

Најчитани неделава