Научно докажано: Луѓето кои цитираат филмови се поблиски

Колку пати досега ви се случило да седнете да го гледате истиот филм со пријателите и да го цитирате? Многу пати, јасно ни е. 

naucno-dokazano-lugjeto-koi-citiraat-filmovi-se-pobliski-01

За сите вие кои го правите ова, имаме интересни вести: Луѓето кои заедно цитираат филмови се многу поблиски.

Еве зошто е тоа така:

Др. Мајкл Фридман – клинички психолог, забележал дека честите филмски цитати се директен производ на проблеми со комуникација, најчесто забележана кај мажите.

Претходни претпоставки тврдат дека филмското цитирање се појавило како резултат на страв од интимност и „репресија од искажување на вистинските чувства“. Со други зборови, постои верување дека луѓето кои цитираат филмови, тоа го прават за да откријат како навистина се чувствуваат.

Од друга страна пак, ново истражување дава рационално објаснување на истава тема. Всушност, една алтернативна теорија претпоставува дека кога луѓето заедно гледаат филм тогаш нивните мозочни бранови се совршено синхронизирани.

Според Фридман, разменувањето со филмски цитати е всушност знак на добра комуникација. Алис Филипсон го продлабочува ова негово размислување и притоа таа го цитира Аверил Леимон – поранешен клинички психолог кој тврди: „Цитирањето филмови е брз и навистина паметен скратен пат за мажите да се спријателат без воопшто да бидат интимни“.

Меѓутоа, Леимон објаснал дека иако не постои длабока врска меѓу две личности, некаква врска се создава при гледање филмови.

„Иако овде зборуваме само за мажи, жените исто така се познати дека го прават истото со своите пријателки, но тие користат цитати од книги“ – вели Филипсон. Затоа, иако не знаете каде некој пораснал или каков политички став има, откако ќе се размените со филмски цитати, тогаш имате некаков вид врска и нешто што ве поврзува.

Па, ако постојано цитирате филмови или книги, тоа е знак дека сте блиски со некого.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...
8 смешни ситуации во кои ќе се препознаат сите што барем еднаш биле во музеј или на изложба На изложбите со современа уметност не може секогаш да сте сигурни дали гледате в...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
Неучтиви работи што многу луѓе ги прават во теретана (а не треба) Не ги враќаат теговите на свое место, прават цела фотосесија пред огледалото, пу...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...

Најчитани неделава