Како да престанете да се плашите од иднината?

Можеби не сфаќате дека стравот од иднината може да ви влијае врз целите, нивното остварување и успехот кој потоа би требало да следи.

kako-da-prestanete-da-se-plasite-od-idninata-01

Целите и иднината се во симбиотична врска - целите ви помагаат да се справите со иднината, а како ја гледате иднината влијае врз целите.

Важно е да запомните дека треба да внимавате на иднината, но не и да се опседнувате со неа. Затоа не заборавајте да живеете во сегашноста.

1. Не верувајте во мистицизам и магија

Луѓето може да станат многу плашливи, особено ако чувствуваат дека немаат контрола над нивниот живот  и дека тој е контролиран од некоја „виша сила“. Овде не станува збор за религија и вера, туку за верување во хороскоп или подреденост на ѕвездите. Иако тие се забавно одвлекување на внимание, ако почнете да се потпирате на нив, може да започнете да се плашите од исходот.


2. Ослободете се од временската рамка

Постојаното размислување за последиците на иднината може да направи да се чувствувате како да сте заглавени во временска рамка, а тоа не е воопшто здраво. Наместо да се опседнувате со нештата кои сѐ уште не се случиле, фокусирајте ја вашата енергија на сегашноста. Ќе откриете дека полека се ослободувате од рамката затоа што размислувате за нешта на кои можете да влијаете, наместо на нешта кои ги чекате.


3. „Денес“ е важно

Ако седите со скрстени раце чекајќи ја иднината наместо да направите нешто со што ќе влијаете на исходот, можно е физички и ментално да заглавите. Поради стравот од иднината, може да заборавите дека тоа може да биде совршено планирано зависност од тоа што правите со животот токму во моментов.


4. Напуштете ја комфорната зона

Овој страв честопати преминува во страв од непознато. Одличен начин како да го тренирате телото и умот за да го прифати непознатото е да излезете од зоната на комфорот во сегашноста и да се тестирате на различни начини. Тука подразбираме: патување на непознато место или некое ризично хоби како параглајдерство. Кога ќе ги направите овие нешта побрзо и полесно ќе сфатите дека непознатото не секогаш е лошо.


5. Размислувајте позитивно

Мора да го тренирате мозокот да размислува позитивно. Совршен пример за ова е да престанете да ја сметате чашата како полупразна и да започнете да ја гледате како полуполна.


6. Јога

Јогата е најдобра форма на затегнување на телото и изострување на мозокот. Таа е одлична за лекување на физичките знаци од страв, згрчени мускули и болки. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 „црвени знаменца“ дека некој воопшто не ви е пријател (дури и ако ви е тешко да поверувате) Суптилните навреди ги маскира како шеги, а кога ќе забележи дека сте успеале во ...
Пет суптилни трикови што ги користат емоционалните манипулатори Префрлањето вина и глумењето жртва се тактики со кои манипулаторите прават нивна...
13 фото-докази дека Јапонија како да живее во друг свет – работи што може да ги видите само таму Спа за мајмуни, балсам за усни со вкус на сланина, луѓе кои дисциплинирано чекаа...
Рерна за луѓе, лоботомија, лекови со кокаин: Медицината во минатото била како од хорор-филм Во 20-тиот век, шизофренијата се третирала со таканаречена инсулинска шок-терапи...
9 (не толку) забавни ситуации пред празниците во кои ќе се препознае секоја жена Планирате да поминете најмалку можно време во кујната пред празниците, но толку ...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...

Најчитани неделава