Предности кои доаѓаат како што стареете: Поретки настинки, подобар сон...

Живот ги има своите непроменливи ритуали - се раѓаме, растеме, поминуваме неколку години во потрага по големи чувства, а потоа, кога старееме полека тонеме во осаменост. Но, постојат повеќе позитивни начини на гледање на работите.

Prednostite-na-stareenjeto

Поретки настинки, подобар сон... Ова се само некои предности на стареењето:

Поретки настинки

Како што старееме нашите тела подобо се борат против одредени вируси и инфекции. Се разбира, имунолошкиот систем на постарите личности е послаб, поради што се подложни на сериозни болести. Сепак, науката докажа дека алергиски симптоми и мигрени се намалуваат како што старееме.


Среќа

Од 18-та година до средината на 20-те години, повеќето луѓе ја оценуваат својата среќа со постигнатите цели, но кога ќе се приближат до 40-те години, односно средна возраст, повеќето од нив се депресивни.

После 60 и 70 години во просек, луѓето се повеќе задоволни со својот живот отколку што некогаш биле. Според научниците тоа би можело да случува бидејќи конечно учиме како да ги балансираме нашите емоции.


Подобар сон

Велат дека колку што сме постари, толку помалку сон ни е потребно. Сепак, науката сугерира дека ова го разбираме сосема погрешно. Според едно истражување од 2012-та година, луѓето во нивните осумдести години спијат подобро од младите луѓе.

Постојат неколку теории кои го објаснуваат ова. Една од нив е дека постарите луѓе обично не се грижат за работа, поради што подобро спијат. Друга теорија е дека постарите генерации се помалку изложени на технологијата која нè одржува будни во текот на ноќта.


Подобрени врски

Истражувањата покажуваат дека како што се доближуваме до крајот на нашиот живот, нашите односи со другите луѓе значително се подобруваат. Истражување од 2010-та година покажа дека постарите личности имаат подобри бракови, помалку конфликти со децата, браќата и сестрите, и поголема поддршка од пријателите.

Додека помладите луѓе можат да бидат доведени во искушение да бидат злобни или да започнат расправија, постарите луѓе се повеќе оптимистични.


Неверојатен секс

Една неодамнешна анкета откри дека луѓето над 60 години имаат одличен секс. Речиси 75% од мажите и 70% од жените изјавиле дека нивниот сексуален живот и после 60-тите години бил добар. Едно истражување покажа дека жените во осумдесеттите години можат да доживеат посилен оргазам.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
14 вешти луѓе кои со свои раце создадоа мали ремек-дела (фото) „Со часови гледав во фотографијата од мојот миленик пред да направам приврзок со...
Луѓе кои (речиси) биле киднапирани ги споделуваат морничавите искуства „Бев многу мал и всушност не ни бев свесен дека сум киднапиран, бидејќи ја знаев...
Татко ѝ беше убиен, брат ѝ загина во авионска несреќа, детето ѝ почина од рак: Тажниот живот на ќерк... Керолин Кенеди е единствениот преживеан член од семејството Кенеди. Татко ѝ Џон ...

Најчитани неделава