Што ќе напишете вие на таблата: За што најмногу се каете во животот?

Во центарот на Њујорк поставиле црна табла со едно единствено прашање: За што најмногу се каете?

nepoznati-lica-odgovaraat-na-prashanje-za-shto-najmnogu-se-kaete-01.jpg

Оние кои поминувале покрај таблата подзастанувале и ја загледувале, а некои и посегнале по кредата да напишат за што најмногу се каат.

По извесен период таблата добила сосема поинаков изглед. Оние кои решиле да напишат нешто се на свој начин уникатни, од различна култура, религија, раса... Но, она што е заедничко е тоа што работите за кои се каат се многу слични. Зошто?

Се работи за зборови кои не биле искажани или пак работи кои не ги направиле.

Ова се 7 причини за каење кои ги имаат најголемиот број луѓе:

1. Се каам што не ја покажувам мојата љубов почесто

Можеби мислите дека луѓето во вашиот живот знаат како се чувствувате, но делата се многу погласни од зборовите.


2. Се каам што не сум подобар сопружник, родител, дете

Дали сте најдобриот сопружник кој вашиот партнер може да го има? Дали сте добар родител? Дали зборувате со вашите родители доволно? Проценете каков ви е односот со вашите најблиски.


3. Се каам што поминувам толку време на работа

Да, работата е еден начин да му покажете на семејството дека го сакате и се грижите за него, но дали работата ви е на прво место во животот?


4. Се каам што не сум преземал/а повеќе ризици во животот

Не премолчувајте, кажете што имате да кажете и бидете свои.


5. Се каам што не сум уживал/а во животот и што не ги следам моите соништа

Дали сакате да испробате некое хоби? Што ве спречува? Живејте во сегашноста, не за иднината.


6. Се каам што не сум се грижел/а повеќе за себе

Дали се храните здраво? Дали вежбате? Дали се одржувате во форма? Многу луѓе се каат за тоа што не се грижат повеќе за своето тело.


7. Се каам што не сум давал повеќе на другите

Постојат луѓе кои имаат потреба од вашата помош, од вашата поддршка - дали го правите тоа?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 уникатни имиња за девојчиња, инспирирани од боите Безвременски, уникатни и инспирирани од боите со кои е опкружен светот околу нас...
Алфред Нобел - динамит: Генијалци кои зажалиле за изумите што ги направиле славни Алфред Нобел е креаторот на Нобеловата награда, но и личноста што го измислила д...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Немаат тоалети и храна, постојано ги тепаат: Како изгледа престојот во најозлогласениот затвор во Ду... Затворот Al-Awir во Дубаи е вистински кошмар, а токму овде завршуваат повеќето з...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава